Кафе муабет
Голема прослава во домот на најубавиот актерски пар: Петар и Тамара пресреќни, ќеркичката Сташа скока од радост!
Се омажи сестрата на Петар...
Нада Бенчина, сестрата на Петар Бенчина, викендов го кажа судбоносното Да и се омажи за својот долгогодишен избраник, одбојкарот Дражен Лубуриќ.
Нада и Дражен се заколнаа на вечна љубов а церемонијата се одржа на отворено, во градината на еден ресторан, каде беше целото семејство.
Петар и Тамара Бенчина со децата Сташа и Лазар беа меѓу главните гости.
Со неговата девојка Марта Бјелица присуствуваше и најстариот брат на Бенчина, Игор, а меѓу гостите кои особено придонесоа за забавата беше и Андела Јовановиќ, која е братучетка на невестата.
Сестрата на Петар Бенчина во раскошна венчаница, во придружба на нејзиниот татко пеејќи ги стиховите на песната „All of me“ на Џон Леџенд, се упатила до матичарот каде што ја чекал избраникот.
Сташа Бенчина, ќерката на Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, имала задача да ги носи велот и наметката од венчаницата и поради тоа била исклучително горда и среќна. Тамара и Анџела, пак, беа задолжени да фрлаат ливчиња од рози кон нововенчаните младенци, за нивниот заеднички живот да биде послан со рози, а не со трње.
Нада, која е маркетинг експерт, неодамна дипломирала, а се очекува веднаш по венчавката да му се придружи на нејзиниот избраник во Русија, каде што тој е веќе извесно време и за жал тоа ќе значи дека невестата привремено ќе мора да го напушти своето многудетно семејство.
Инаку драмската уметница Тамара Драгичевиќ, која изминатиов период најчесто ја поврзуваат со пејачката Силвана Арменулиќ, која ја игра во филмот „Тома“, неодамна ги урна илузиите на оние кои веруваа дека постои совршенство и дека таа и нејзиниот сопруг го пронашле клучот.
Неодамна при гостувањето во емисијата „Балканска улица“, пред новинарката Весна Дедиќ, Драгичевиќ откри дека во бракот има падови, како и дека првите проблеми настанале по раѓањето на децата.
– Мислам дека колку и да разговараат жените со своите пријателки, мајки и сестри кои пред нив имале деца, не можат да замислат каква нееднаквост меѓу партнерите има во текот на ноќта. Тогаш жената има потреба да плаче. Би сакала да молчиш, да не префрлаш, но ја гледаш таа нееднаквост и малку се лутиш поради тоа, малку се сожалуваш. Една од моите пријателки еднаш рече: „Не знам како не ги оставаме сите, како преболуваме се“ – рекла Тамара и додала:
– Поради тие работи, по два месеци се вратив да играм претстави. Можев, и сакав, се само за повторно да бидам исполнета и задоволна со себе. За да не се чувствувам како жртва… се зависи од мене, кутрата јас. Не би било добро за никого, не би било добро за децата или Петар, а потоа доаѓа криза. Ме исполнува да излезам од дома и знаев дека ќе играм претстави. Тоа е нешто што морам, не излегував на пијачка. Во спротивно, би имало чувство на вина – заклучила таа.
Во овој период Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина се една од најпознатите актерски двојки во регионот, а таа во една емисија раскажа и како започнала нивната врска.
– Петар не ми беше симпатија, додека не сфатив дека јас сум негова симпатија. Го имаше „многу“ одеднаш. Ние од класот ќе отидевме некаде и тој цело време одеше со нас. Тој седеше до мене, а кога сфатив дека му се допаѓам, сфатив дека и тој не е лош (се смее). По еден кастинг ни се случи интересна ситуација. Го завршивме кастингот и заедно се упативме дома, беше лето и 40 степени – рече Тамара и продолжи:
-Одевме, па седнавме на пијачка и цело време мислев зошто толку шетаме. Навистина немаше флерт. Се разделивме кај Бранковиот мост и веќе ми беше непријатно што толку пешачев. Само ѝ се доверив на мајка ми, а не ни знаев дека ми се допаѓа. Тогаш јас му се допаѓав…– заклучила актерката.
Оваа средба беше пресудна за пред пет години тие да бидат главни актери на својата венчавка, во сцени како од бајките снимени на Ада Бојана.