Кафе муабет

СО ГОДИНИ ГО КРИЕШЕ ОД ЈАВНОСТА: Ова е братот на Вики Миљковиќ- многумина се изненадени од неговата професија

Тие се многу блиски...

Пејачката Вики Миљковиќ одамна е на јавната сцена и важи за една од најпознатите поп пејачки на овие простори.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Но и покрај тоа што за нејзиниот живот на големо се пишуваше сите овие години, изгледа дека многумина не знаат дека Вики има брат.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Братот на Вики Миљковиќ се вика Владица Миљковиќ и со години живее во Ниш, а многумина кои се запознаени со нивната врска велат дека Виолета му е силна поддршка како и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ-Таше.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Братот на Вики Миљковиќ наводно е сопственик на казино во Ниш, но тој и неговата сестра имаат заедничка страст за музиката и исто така е многу талентиран и свири на хармоника.

Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ
Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ
Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ
Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ

Како брат и сестра, Владица и Вики споделуваат многу други работи, на пример, нивната љубов кон патувањето, па споделија и фотографии од патувањето во Ерусалим минатата година, но делат и заедничка грижа за своето семејство, особено нивната покојна мајка Зорка, за која и двајцата се грижеа до нејзиниот последен ден.

Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ

Таа загуба изгледа уште повеќе ги сплоти еден кон друг иако живеат во различни градови и водат различни животи.

Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ

Братот на Вики Миљковиќ и беше познат на јавноста пред повеќе од десет години, а тоа беше случајно, кога непланирано ја одигра улогата на херој доаѓајќи да и помогне на 80-годишна сосетка откако избувна пожар во нејзиниот стан.

Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ

Тој и уште еден сосед и помогнале на таа жена и поради неговиот херојски чин бил виден во сите медиуми.

Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ

– Истрчав и видов дека гори станот на приземјето. Во ходникот на зградата беше невозможно да се дише поради чадот. Во станот веќе горела дневната соба, а соседката за малку ќе се задушела. Чадот се прошири низ ходниците на зградата, па зедовме скала од сосед и им помогнавме на учениците од вториот кат да се симнат – изјави тогаш Владица за Блиц.

Тајна која Вики ја крие со години

Вики Миљковиќ неодамна раскажа еден детаљ од почетокот на својата кариера, кога не и одело сѐ како подмачкано.Вики Миљковиќ раскажа еден детаљ од почетокот на својата кариера, кога не и одело сѐ како подмачкано.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Имено, неа познатиот композитор Драган Александриќ ја советувал да го остави микрофонот, зошто како што тврдел нема дарба за пеење. Ѝ предложил да заврши училиште, да се омажи и да биде подалеку од естрадата зошто во музичката професија не ја чека успех.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Драган Александриќ процени дека не сум талентирана и на мојот татко му рече дека треба да завршам училиште и да се омажам, а од пејачката кариера нема ништо. Тогаш мене сите бродови ми потонаа. Можеби тој не ме слушал внимателно зошто беше премногу зафатен, а можеби и јас не бев доволно зрела, бев дете. Татко ми ми рече дека тоа е завршена приказна. Сепак, не се откажав и после година и пол дена го убедив да ѝ се обратиме на Марина Туцаковиќ, која го препозна мојот талент. Успеав да завршам училиште и да се омажам, така да од таа страна Александриќ беше во право, рече Вики кога гостуваше на Гранд Телевизија.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Александриќ сега вели дека погрешил во проценката и дека има само пофални зборови за Вики и успехот кој го постигна, и наведува дека таа и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташко се одличен тандем.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Можно е тогаш да не сум обрнал внимание, не знам. Ја советував да продолжи со училиштето, да заврши факултет, што и го направи. Но во пеењето направи одлична работа. Таа и Ташко се супер тандем, тој е прекрасно момче, рече Драган Александриќ и откри дека братот на Вики, Владица е негов ученик.

Фото Фејсбук/Владица Миљковиќ

– Јас го учев нејзиниот брат Владица да свири хармоника, два пати неделно татко му го носеше од Ниш кај мене на часови. Нивните родители Свето и Зорица многу се бореа, и секоја чест за нив, направија успешни луѓе од Вики и Владица.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close