Кафе муабет
Ќерката на Драгана Мирковиќ сподели убави вести- голема причина за славење во замокот Ебенфурт- пејачката пресреќна
Мануела дипломираше...
Од моментот кога се приклучи на Инстаграм и излезе од сенката, па се појави пред очите на јавноста, ќерката на Драгана Мирковиќ не престанува да привлекува внимание.
Мануела Бијелиќ со години избегнуваше да се експонира, па сите бевме изненадени од тоа во каква убавица порасна.
Од домот на семејството Мирковиќ-Бијелиќ пред неколку дена пристигна убава вест. Манула дипломираше и ги направи нејзините родители повеќе од горди.
Тато Тони прв се пофали на Инстаграм, а со заедничка фотографија и честиташе на својата ќерка за големиот успех.
Куклата на тато“, напиша тој.
Потоа следеше честитка од мајката, Драгана Мирковиќ. Фолк ѕвездата на својата приказна на Инстаграм објави фотографија од својата ќерка, како и торта со натписот „Честито, Мануела“ на која имаше и капа за дипломирање.
Семејната прослава се одржа во замокот Ебенфурт, кој е во сопственост на Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг.
Децата на пејачката Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ секогаш се криеле од очите на јавноста, а пејачката со години успешно ја крие приватноста на своето семејство.
Меѓутоа, ќерката на Драгана, Манеула неодамна го отклучи својот Инстаграм профил и оттогаш привлекува големо внимание.
Мануела пред неколку дена го прослави својот 20-ти роденден, а во приказната сподели неколку фотографии од прославата.
-Мануела е поинаква, повлечена е, таа е мое бебе. Моите пријатели велат дека е девојка со најубави очи и најчиста душа.Тие се нормални деца што е најубав комплимент денес. Не се разгалени, тие не патат за брендови, јас дури еднаш ја замолив ќерка ми да облече еден од моите фустани затоа што е малку поексклузивен и брендиран, а таа не сакаше да слушне, срам и е другарките да ја видат во него.Таква е таа“, изјави Драгана за Стори.
„Кај нас доаѓа друштво од различно потекло, а пред се пријателите ни се претежно луѓе со некоја просечна плата. Нашите деца се свесни за парите и веќе имаа можност да заработат. Марко на пример се занимаваше со сметководство. Мануела работеше на рецепција три месеци, доволно за нејзината возраст да стекне искуство и работни навики. Тоа беше нивна желба да работат, ние не ги принудивме на тоа“, вели Драгана Мирковиќ.