Кафе муабет
ПО ПАУЗА ОД 9 ГОДИНИ НИКОЛИНА ПОВТОРНО НА МАЛИТЕ ЕКРАНИ: Откриено се за тајните преговори со сопствениците на телевизијата
Реши да ја зимне црнината...
Поранешната водителка Николина Пишек пред девет години, откако се омажи за Видоје Ристовиќ, историчар на уметност, целосно му се посвети на семејството.
Таа со години не работи како водителка, а сега наводно сака да и се врати на професијата откако остана без нејзиниот сопруг Видоје.
Пишек активно бара работа на телевизија, а преговорите за една позиција на малите екрани се во тек, што многу ја радува. Бидејќи се нашла во проблеми поради хипотеката на нејзината куќа во Загреб, решила да ги земе работите во свои раце и да работи како порано.
Николина Пишек се огласи на својот Инстаграм профил и покажа дека престанала да носи црнина и позираше со цвеќиња во косата и во розов фустан.
– Вака решив да се чувствувам отсега! Знам дека ќе има подеми и падови, тешки моменти, болка, но и радост… Животот продолжува. Знам кој не би сакал да бидам заробена во тага и да и се предадам на судбината и знам кој не би сакал да замолчам. Посветена сум да бидам доживотен борец за оние кои го заслужуваат тоа. И знам дека маж ми би го благословил тоа… И јас сум тука, потпора и карпа кога и да е потребно, против која ќе се скршат сите лоши мисли и намери. Вистината е вистинска вредност. Често е почудно од фикцијата, но тоа е затоа што фикцијата е обврзана да се држи до веројатноста; Вистината не е. Повторувањето не ја претвора лагата во вистина, понекогаш се заборава… По долго време се чувствувам утешена и вратена во живот. Се гледаме повторно наскоро – напиша Николина.
Да потсетиме, Видоје поч-ина на 44-годишна возраст пред месец и половина. Покрај болката од загубата на сопругот и спорот за наследството со свекорот Миша Гроф, Николина треба да се справи и со споменатите финансиски проблеми за кои се пишува со денови.
Николина Пишек, се најде во центарот на медиумите по смр-тта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ поради расправија со свекорот Мишо Гроф за наследство а пред неколку дена објави емотивна фотографија со ќерката Уна Софија сакајќи да ја ублажи болката.
– Ни рекоа – чекор по чекор.
Така почнавме.
Рамо до рамо, рака под рака, обединети стравови и обединети надежи.
– Ме праша – од каде да знае дека јас нема да заминам?
Почнувате да ја разбирате конечноста на сè.
И дека од неа излегува нова убавина – од ден на ден, мали победи, нога пред нога, и еден ден ќе погледнеш нагоре и ќе сфатиш дека си се искачил на планината чие подножје те исплашило.
И тука сме.
Чекор по чекор – стои во описот на фотографијата која ја објави Николина на својот Инстаграм профил.
Сила и дава ќерката Уна Софија, на која Николина и посвети емотивни зборови кои покажуваат колку им било тешко ненадејното заминување на Видоје.