Кафе муабет
Во него беше лудо заљубена: Овој новинар е поранешно момче на Меланија Трамп- погледнете каков фраер е, откри зошто раскинале!
Им се разделиле патиштата...
Меланија Трамп предизвикува бура од коментари кога и да се појави во јавноста. Имено нејзината слава ја стекна како модел а попопуларна стануваше од ден во ден како сопруга на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Словенечкиот новинар Питер Бутолн е поранешно момче на поранешната американска прва дама Меланија Трамп.
Двајцата доаѓаат од Словенија, а нивната љубов, како што истакнува, била огромна. Цветаше додека живееја во иста земја!
Пред извесно време новинарот ја откри и причината за раскинувањето.
– Во врска бевме три месеци. Училиштето заврши, а летото беше пред нас. Тогаш целото друштво се собра на Тромостовље во Љубљана. И Меланија дојде со своето друштво. Бевме средно училиште, а таа беше во средното училиште за дизајн. Јас имав 18 и пол години, а таа 17.
Љубљана е мала, сите се познававме, а секако веднаш забележувате ново лице во општеството – ја започна приказната новинарот.
Тој истакна дека малкумина останале имуни на нејзината извонредна убавина.
– Беше убава, витка, се напив малку и го направив првиот чекор. Така почна се. Бев да ја земам во нејзиниот стан. Тоа беше мал стан, една спална соба. Таму живееше со нејзината сестра Инес, која е четири години постара. Тие прво живееле со татко им во стан под кирија, а потоа татко им им купил стан. Таа двапати беше во мојот стан. Беше убаво, толку млади. Не сакаше долги излегувања, не пиеше алкохол, како другите девојки. Таа сакаше да биде одморена на снимање.
Откако заминал во војска, повеќе не се слушнале.
Нашето пријателство го прекина војската што ја служев во Јастребско. Оттогаш не сме се слушнале – вели Бутолн.
Да потсетиме, Меланија Кнаус, како што е нејзиното моминско презиме, е трета сопруга на Трамп.
Нивната венчавка се случила на Палм Бич во Флорида, но она што е интересно е дека Меланија ја одбила понудата на Трамп нивната венчавка да ја пренесуваат регионалните телевизии.
Доналд Трамп не штедеше за неа, па ја запроси со дванаесеткаратен смарагден прстен.
Меланија во една прилика изјави дека таа самата се погрижила за органзирање на целата церемонија.
На денот на венчавката таа носеше гламурозна венчаница со потписот на Диор, која чинеше 150 илјади долари.
Венчаницата дизајнирана специјално за неа била тешка 25 килограми, а била изработена од 91 метар свила.
Оваа венчаница на Диор, заврши и на насловната страница на Vogue.
Меланија немаше класичен бидермаер како сите останати невести туку на раката носеше семејно наследено ланче со ситни ружички.
Свадбената торта беше на 7 спрата и висока дури метар ипол.