Кафе муабет
ГУДЕЉ ГО ФИНАНСИРАЛ ЛУКСУЗНОТО ПАТУВАЊЕ – ја однесе Анастасија на магично место! И приреди ИЗНЕНАДУВАЊЕ
Заминаа на првиот заеднички одмор...
Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ повеќе од три месеци е во љубовна врска со фудбалерот Немања Гудељ а сега таа отпатува во Шпанија од каде замина на одмор со своето момче.
Немања ова луксузно патување на Ибица и го подари на Анастасија за нејзиниот роденден, кога беше во Белград.
Тоа беше еден од подароците, додека другиот беше портрет на нејзиниот татко и неа, што многу ја израдува пејачката.
– Во моментов немаат деловни обврски, па решија да одат на море. Ја избрале Ибица бидејќи има прекрасни плажи, и одлични забави, по кои овој остров е надалеку познат – вели извор за Информер.
Пејачката веќе ги сподели и првите фотографии по кои можеме да забележиме дека одлично ужива со своето момче.
Инаку пред извесно време во медиумите излезе и веста дека наводно Немања планира да ја запроси пејачката токму на Ибица.
Иако Цеца Ражнатовиќ е воодушевена од тоа какво момче избрала нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, но наводно ја советувала се уште да не се мажи „бидејќи е премлада“.
Младата пејачка толку се заљубила во фудбалерот што по само три месеци врска веќе е подготвена за брак.
– Таша постојано зборува за Немања! Многу се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што во вторникот со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично! Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка и подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – вели добро упатен извор за „Информер“ и додава дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:
– Се беше толку идилично што некои беа убедени дека Немања во одреден момент ќе клекне и ќе го извади прстенот. Сепак, тоа не се случи, но слушнав дека Гудељ планира да го направи тоа наскоро, можеби за неколку дена кога ќе отпатува со Анастасија на Ибица! Тоа луксузно патување е негов подарок за Анастасија за нејзиниот 24 роденден.
Анастасија исто така очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на студен туш!
– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.