Кафе муабет
Две години не се појавува во јавност: Сите го поврзуваа синот на Брена со оваа фатална пејачка, а еве каде е и како живее Стефан денес
Далеку е од очите на јавноста...
Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, се повлече од јавната сцена во средината на 2020 година.
Тој потоа го даде своето последно интервју и рече дека повеќе не сака да се занимава со музика, иако неговата кариера имаше нагорна линија.
Стефан важеше за голем заводник, па приказните за неговите врски со познати пејачки не го заобиколија, а една од нив беше и фаталната црнка Милица Павловиќ.
Имено, тогаш се пишуваше дека на еден настап се појавиле искри меѓу Стефан и Милица, а пејачката подоцна во своите интервјуа имала само пофални зборови за синот на Брена.
-Од моментот кога Стефан влезе во клубот и Милица го забележа од бината, двајцата не престанаа да се гледаат и да се смешкаат. Иако околу него беа многу девојки обидувајќи се да ги забележи, младиот Живојиновиќ го фокусираше вниманието на сцената и не обрнуваше внимание на другите. Беше толку очигледно што гостите многу го коментираа – изјави тогаш изворот.
Како што тогаш се пишуваше, сите можеа да ги видат насмевките на лицата на Стефан и Милица, како и неговото џентлменско однесување додека ѝ нудеше пијачка, но и да седне до него по напорниот настап – изјави тогаш извор за медиумите , а двајцата зборуваа само во суперлативи еден за друг.
– Сите би биле со Милица – изјави во една прилика Стефан.
– Стефан е исклучително момче, образовано, насмеано и секогаш расположено, сигурна сум дека одлично се забавуваше – изјави тогаш Милица.
Инаку, Лепа Брена неодамна во едно интервју истакна дека Стефан сега се занимава со сосема поинаков бизнис, а јавноста повеќе воопшто не го интересира.
-Ја поддржавме неговата одлука повеќе да не се занимава со музика. Ако сме способни да ги прифатиме одлуките на другите луѓе, зошто не би можеле да ги прифатиме одлуките на нашите деца. Важно ми е нашите деца да се среќни, а што ќе работат е прашање на нивниот избор, кој јас и Боба секогаш го поддржуваме.
– Со Стефан се е во совршен ред, тој сега работи друга работа. Не се појавува на поголеми собири. Се гледаме дома и се дружиме, сосема нормално – изјави неодамна Брена за „Стори“.
Да потсетиме, на Стефан Живојиновиќ му се губи секој траг уште од јануари 2020 година, по новогодишниот концерт во Врњачка Бања.
Младиот пејач кој тогаш започнуваше со кариерата, преку адвокатската канцеларија испрати соопштение во кое што наведе дека повеќе не сака да е дел од јавниот свет.
Стефан во 2017 година ја започна кариерата како пејач, а неговиот прва песна беше одлично прифатена од публиката.
Но што се случи потоа и зошто одеднаш се повлече во потполен медиумски мрак засега се уште никому не му е јасно.
Што се однесува до неговата кариера, мајка му во една пригода отворено изјави како го советувала својот син:
„Со големо внимание следам сé што прави и мислам дека сум неговиот најголем критичар. Отворено му кажав: ‘Ако веќе одлучи да се занимаваш со музика, повеќе јас не сум ти мајка, туку твој супервизор, што надгледува сé и сака од небрусен кристал да направи дијамант’“, изјави Брена.
Инаку Брена и Боба покрај Стефан го имаат и синот Виктор, а Боба од првиот брак го има и синот Филип.