Кафе муабет
СТОЈА СЕ ТРАНСФОРМИРА, ОСЛАБНА ПА ОТКРИ ДАЛИ ЌЕ СЕ СЛИКА ЗА ПЛЕЈБОЈ! Пејачката зборуваше за својот сопруг, љубомората и колегите
Вели дека е многу срамежлива...
Откако ослабе, и ја промени фризурата многумина ја споредуваат популарната пејачка Стоја Новаковиќ со Крис Џенер, а како што вели таа ваквата споредба и годи.
– Се чувствувам совршено во својата кожа. Импресионирана сум што ме споредуваат со Крис Џенер затоа што е убава жена – истакна Стоја, а потоа откри дали некогаш сакала да се откаже од пеењето:
– Никогаш не би можела да ја завршам пејачката кариера и да се занимавам со нешто друго. Родена сум да бидам поп уметник. Да не бев пејачка ќе бев готвачка – рече Стоја.
Стоја призна и дека никогаш не би се согласила да се соблече за насловната страница на „Плејбој“.
– Не ниту во лудило. Јас сум многу срамежлива личност. Мојот сопруг не е љубоморен. Имаме здрав однос, толку сме зрели луѓе што нема место за љубомора.
Како што вели, никогаш не морала да го заштити својот сопруг од некои колеги.
„Не, тие многу добро знаат каде не им е местото“, рече таа со насмевка.
Таа е во брак 10 години со нејзиниот сопруг Игор Јовановиќ но многумина речиси и не знаат за тоа, бидејќи пејачката нивната љубовна приказна вешто ја крие од очите на јавноста.
По професија Игор е архитект. Игор е во добра форма, мускулест маж, па затоа и Стоја го чува само за себе.
Како што во една прилика откри пејачката, Јовановиќ не е само нејзин сопруг – тој е нејзин пријател и човек на нејзиниот живот.
– Секој ден ми дава комплименти, и ми кажува убави зборови. Тоа ме прави среќна и ми дава сила и енергија да одам напред низ сè што носи животот. Знае да ме изненади со роза, парфем, дури и на аеродром кога ќе ме чека од настап. Она што може да го стори интелектуалец, малкумина можат – објасни таа.
Инаку, Игор е многу привлечен и посветен на тренинзите, а неговите фотографии од теретаната постојано ги објавува на социјалните мрежи.