Кафе муабет
БОЈАНА РОДИЌ ГО СМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС: Еве како изгледа сега (ФОТО)
Направи афро фризура...
Снаата на пејачката Гоца Божиновска и животната сопатничка на Мирко Шијан, Бојана Родиќ речиси секојдневно ги воодушевува своите следбеници со фотографиите кои ги објавува на Инстаграм.
За сестрите Родиќ велат дека не се знае која е поубава, а Бојана го покажа своето необично издание.
Придружниците на Бојана се навикнати да ја гледаат со долга права коса, пуштена или врзана во опавче, а таа неодамна по повод нејзиниот роденден ги изненади сите со нова фризура.
Сопругата на Шијан решила да експериментира со косата, па направила локни.
Таа ја собра косата во пунџа, стави очила за сонце, и ја сподели фотографијата на Инстаграм. За само еден час таа собра над 500 лајкови.
Некои се воодушевени од нејзиното ново издание, додека други имаат забелешки.
Да потсетиме, Бојана неодамна објави видео од естетска клиника, додека правеше третман, а судејќи по видеото, станува збор за вбризгување ботокс, за подмладување и одржување на свеж изглед, без брчки.
Инаку Бојана Родиќ, невенчаната сопруга на Мирко Шијан пред еден месец го прослави својот 30. роденден, а за таа прилика направи необична журка.
Имено, таа одлучила да биде во хавајски стил, а детали од журката открила на својот Инстаграм профил.
Бојана за оваа прилика направила афро фирузура, додека Мирко носел кошула со цветови, со шешир.
Голем број на пријатели беа дел од журката на Бојана.На забавата нормално гостите биле само пријателите, а баба Гоца била задолжена да го чува внукот Зоран.
И покрај тоа што се шпекулираше дека Гоца и Бојана не се согласуваат, пејачката во неколку наврати ги демантираше тие гласнини.
Таа истакна дека со својата снаа Бојана одлично се сложува и дека ја смета како своја ќерка.
И горда е што нејзинот син одбрал таква девојка за жена.
Исто така Гоца истакна дека Бојана одлично знае да готви, па често пејачкта руча кај нив. Бојана сака да готви модерни и италјански јадења, додека баба Гоца е задолжена за традиционалните јадења кои ги приготвува одлично.