Кафе муабет
ДРАМА ВО ЗАГРЕБ! Хана не дозволува Петар да биде во близина на бившата?! Поради СРЕДБАТА на Грашо и Данијела, Хулиќ смислила подмолен план
Не дојдоа на прослава на која беше и Данијела...
Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ по две децении љубов, минатата година решија да стават крај на врската.
Од тогаш парот немал блиска средба а Грашо во меѓувреме се ожени со Хана Хулиќ, ќерката на неговиот добар пријател Тончи Хулиќ а сега чекаат и дете.
Сепак, двете големи хрватски ѕвезди би можеле да се сретнат на прославата на 20-тиот роденден на хрватското издание на магазинот Story.
Имено, Петар Грашо на споменатата прослава требаше да ја добие наградата за пејач на годината, па беше најавено неговото доаѓање.
На истата прослава била поканета и Данијела Мартиновиќ. Сепак, средбата на поранешните љубовници била спречена.
Петар Грашо денот го поминал со сопругата Хана Хуљиќ и членовите на нејзиното семејство. Хулиќ и Грашо гостувале на настан во Хрватска, а таа вечер сопругот на бремената Хана Хуљиќ имал закажан уште еден настан на кој тој не се појавил.
Додека Данијела Мартиновиќ блескаше во жолтата тоалета и ја запали бината на споменатата прослава, столчето на Петар Грашо остана празно, а наградата не беше врачена.
Дали Хана сакала да го држи сопругот покрај себе, исплашена од средбата со бившите љубовници или пак имало некои други причини, Петар се уште не открива во јавноста.
Инаку Грашо и неговата сопруга Хана Хулиќ биле на отварање на една сплитска поликлиника.
Хана во таа прилика прозбоела за својата грижа за здравјето. Истакнала дека практикува долги шетања во природа и дека внимава на исхраната.
– Моментално премногу пребарувам за се, што би можело ова да биде, што би можело тоа да биде. Сега можеби претерувам, но сепак сум умерена во тоа прашање, рекла Хана.
Пејачот вели дека се грижи колку ќе стигне.
– Јас сум многу често на пат и не можам да ви кажам дека се грижам за здравјето секојдневно и дека сум нешто преголем хипохондрик, рекол искрено Грашо.
Новиот член на смеејството пристигнува на почетокот на летото а парот веќе се договорил околу името на бебето.
Како што се дознава, тие за својата наследничка го одбрале името Алба. Но она што е посебно интересно е што бившата девојка на Грашо, Данијела Мартиновиќ токму тоа име го сакала за своето дете.
Имено гостувајќи во емисијата “Ин Магазин“ 2014 година признала дека најголема желба со Петар е да се остварат како родители…
– Навистина моментално тоа е најголема желба во мојот живот. Вистински се радувам дека многу брзо ќе се радуваме.
Синот ќе се вика Тони, тоа се знае, по покојниот татко на Петар, а за девојчето имам две имиња, или Луче, затоа што тоа ми е оригинално далматинско име, и наше и на мојата покојна баба која се викаше Луче, но кога го слушнав името Алба, јас едноставно останав возбудена затоа што Алба на италијански значи зора, тоа повеќе ми значеше, убаво и необично, повторно многу блиску и поразлично – зборувала Данијела пред осум години.