Кафе муабет
ДАРКО ЛАЗИЌ ЈА МЕНУВА КРВТА ВО ШВАЈЦАРИЈА ?! Плаќа 25.000 евра за да се ослободи од ПОРОЦИТЕ,! Таа е НАЈСРЕЌНА
Сака да се промени...
Дарко Лазиќ не го променила ниту страшната сообраќајна несреќа во која едвај преживеа, па веќе заборавил на маките низ кои поминал поради возење во пијана состојба.
Поради своите пороци, пејачот не успеа да ги задржи ни сопругата и семејството, а Барбара со која планираше брак неодамна го напушти. За да живее помирен живот, Дарко, по наговор на пријател, наводно решил да си ја смени крвта во Швајцарија, каде веќе оделе некои пејачи.
„Дарко реши да се смени и сега сака тоа да им го докаже на сите, па откако разговараше со мајка му Бранка, реши да замине во Швајцарија да си ја смени крвта. Смета дека така ќе им докаже на семејството и на сите други дека се вразумил.Покојниот татко и мајка му сакале да му ја сменат крвта откако доживеал несреќа пред четири години, но тој тогаш не се согласил бидејќи методот е многу скап, а се надевал дека повеќе нема да конзумира алкохол и дрога.Мајка му Бранка била пресреќна кога и кажал дека сака да го направи тоа“, изјави за Стар извор близок на Дарко.
-Тој е многу добар дечко, но не го бива за себе, па сега решил да се промени и да им биде пример на ќерката и синот кои го обожаваат. Пријатели од Швајцарија му нашле приватна клиника каде може да направи промена на крвта, да отиде таму на прегледи и анализи и потоа лекарите ќе одлучат каков ќе биде процесот и колку ќе трае. Тоа чини околу 25.000 евра бидејќи по добивањето нова крв ќе мора да лежи во таа приватна клиника. Се сеќавам дека кога доживеа несреќа „Пред четири години разговарал со покојниот Џеј, кој му кажал за оваа клиника во Швајцарија и го советувал да си ја смени крвта, но тој тогаш одбил заклучил изворот.
Животот на Дарко Лазиќ дефинитивно ја привлекува јавноста, а тој пред неколку месеци се најде сред скандал кога наводно се степал на забавата за полнолетство на ќерката на Сречко Кречар.
По овој инцидент за кој негираа дека се случил, Лазиќ уште неколку пати беше главна тема во сите медиуми, а пејачот Сречко Кречар го коментираше неговото однесување кое многумина го осудуваат како арогантно.
– Медиумите мора да пишуваат, тоа е негов живот, секој е кројач на својата судбина и секој одговара за своите постапки и добри и лоши – јасен беше музичарот.
Тие двајца се пријатели приватно, а Кречар во неколку наврати се обидел да го посоветува.
-Имаше моменти кога јас и пријателски и колегијално чувствував потреба да му го свртам вниманието на некои работи. Мое беше да кажам, а дали после тоа ќе ме послуша тоа е негова работа – изјави Сречко во емисијата „Гранд магазин“.