Кафе муабет
Овој моќен бизнисмен е таткото на Катарина Грујиќ- на својата миленичка и обезбеди живот од бајките, таа е негова копија
Беше највесел на свадбата...
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ вчера го кажаа судбоносното „да“ пред Бога, во храмот Свети Сава.
Семејството, голем број пријатели и колеги дојдоа да го прослават овој значаен ден со нив.
На прославата се појави и таткото на Катрина, Груја, познат бизнисмен кого немаме можност често да го гледаме на јавни настани.
Познато е дека пејачката отсекогаш живеела луксузен живот, што и го овозможил токму тој.
Тато Груја и е најголемата поддршка на ќерката во се, а бидејќи неговата сакана вчера се мажеше тој беше најсреќен.
-Кога бев помлада, многу ме нервираше кога мама и тато ми делеа совети за момчињата, но сега не. На крајот се покажа дека тие беа единствените кои беа во право за сите мои момци. Се вразумив и сега прво ги прашувам мама и тато за совет кога се во прашање врските. Татко ми е скенер за луѓето, па штом ќе ми каже што мисли за едно од моите идни дечковци, му верувам – изјави во една прилика пејачката.
Инаку Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ вчера си ветија вечна љубов еден на друг.
Prvi ples Kace i Gudelje pic.twitter.com/AUuVOLbXEb
— FikoR (@FikoR87) June 2, 2022
Семејството, голем број пријатели и колеги, дојде да го прослави овој значаен ден со нив, а забавата продолжи во престижниот хотел во Белград.
Ката и Гобеља го одиграа првиот танц на емотивната песна „Немам друг дом“ од Лепа Брена и расплакаа многумина.
Како што пренесуваат медиумите, гостите на гламурозната свадба биле послужувани со најскапите пијалаци, а венчаницата со која невестата го изговори своето судбинско „ДА“ платила 20.000 евра.
Во прашање е венчаница од албанскиот дизајнер Валдрин Сахити, а покрај овој раскошен модел, таа носеше уште две поопуштени венчаници од босанскиот дизајнер Хусо Чорбиќ со кои исто така никого не остави рамнодушен.