Кафе муабет

ДОАЃА ТРОЈКА: По раскинувањето со Харис и 14 години кариера таа сега се реши за ваков чекор- на среќата и нема крај!

Рада ќе ги зголемува градите...

Извесен период на големо се пишува за Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ кои наводно пред неколку недели ја обновиле врската, а сега пејачката донела уште една важна одлука.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Имено, пејачката е видена како ја напушта клиниката каде по 14 години кариера ја договорила својата прва естетска корекција со естетски хирург. Рада реши да стави силикони и да ги зголеми градите.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Адутот на Рада отсекогаш биле долгите нозе и добриот глас, а никогаш немала комплекс поради малите гради. Кога раскина со Харис, ми рече дека сака да промени нешто на себе. Мислев дека сака да ја смени фризурата, како и повеќето жени по раскинувањето, но ме изненади. Ми кажа дека има намера да стави силикони – открива блиска пријателка на Рада за „Информер“.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Рада и нејзината сестра Маја пред неколку дена имаа консултации со пластичен хирург. Дефинитивно ќе вгради силикони, но нема да претера. Избрала „јаки тројки“, кои најверојатно ќе ги стави кон крајот на летото бидејќи дотогаш има закажани настапи кои не сака да ги откаже поради операција – вели соговорничката и додава дека фолк ѕвездата дури и разговарала со нејзиниот лекар за операција на носот:

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

-Рада се распрашуваше и за операција на носот, но на крајот се откажа. Таа рече дека нема доволно храброст за таа операција, иако ми призна дека и пречеле коментарите на колегите дека има голем нос. Дури и кога веќе решила да ги оперира градите, ја убедувам да го намали и носот, но не верувам дека ќе ме послуша.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Рада Манојловиќ никогаш не криела дека е подготвена да промени нешто ако не е задоволна:

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Ако нешто почне да ми виси и кога ќе видам дека нешто не е во ред со моето тело, ќе го поправам. Кога ќе остарам, можно е да се оперирам.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Даде уште една шанса на љубовта со Харис…

Харис на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со Радa и на тој начин на сите им стави до знаење дека се смириле.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Берковиќ и Манојловиќ наскоро ќе застанат заедно на сцената во еден клуб, каде имаат закажан настап, а пејачот објави заедничка фотографија и постави емотикон кој задоволно се смее и со тоа ги отстрани сите сомнежи дека веќе не се во добри односи.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Сепак, тие двајца се уште не се следат еден со друг на Инстаграм што веројатно е договор на двојката, така што во иднина нема сите лесно да дознаат кога следниот пат ќе се скараат.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Да потсетиме, во медиумите многу се шпекулираше за причината поради која Рада и Харис ставија точка на шестгодишната врска, а меѓу другото често се споменуваше и поврзаноста на Манојловиќ со пејачот Милан Станковиќ.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Наводно Харис сметаше дека тој има лошо влијание врз неговата сакана.
Според медиумите, по раскинувањето на шестгодишната врска со Харис, Рада наводно се вратила кај Милан.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Иако раскина со Милан пред 10 години, Рада цело време беше блиска со него. Сè повеќе кавги и несогласувања со Харис ја наведувале да се запраша дали тој е вистинскиот маж за неа. Рада почна се почесто да разговара со Милан. Заедно почнаа да ги посетуваат манастирите и Рада сфати дека е многу помирна и посреќна со Милан бидејќи имаат ист поглед на иднината – вели извор за „Стар“ и додава:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Таа сфати дека треба да го напушти Харис, кој стануваше се посебичен.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Пред две недели заедно посетија црква во Белград каде разговараа со свештеникот кој им даде благослов. По нивното тајно помирување, Рада вистината им ја кажала само на својата сестра и нејзиниот татко. Нејзиниот татко беше многу среќен, секогаш велеше дека Милан е чесно момче и дека би сакал Рада да се омажи за него – вели изворот и додава:

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

-Харис никогаш не беше прифатен како иден зет. Не му се допадна тоа што одбил да дојде кај него во Четереже и што неговите родители постојано се мешале во нивната врска, како Рада да не е доволно добра за нив.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Како што пак неодамна објави „Свет“, Харис Берковиќ наводно се огласил пред новинарите, па се пожалил дека наводно чашата ја прелил Милан Станковиќ кој и го „испрал мозокот“ на Рада и таа повеќе внимание посветувала на поранешниот отколку на него, кој поради неа ја запоставил кариерата.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Харис и Рада одамна не се како што треба, цело време се караа и целосно се оддалечија. Многу му пречело нејзиното дружење со Милан, не затоа што и бил поранешно момче, туку затоа што мислел дека има лошо влијание врз неа. Кога и да започнеше тема за Милан, доаѓаше до расправија и се му пречеше. Рада целосно се свртела кон религијата и го променила односот кон своето момче, бидејќи Милан и го „исперал мозокот“ – вели извор на кој Харис му се доверил и се пожалил дека Рада многу се променила.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Ја запостави кариерата поради врската со неа и сега гледа дека згрешил, но се надеваше дека врската со Рада му е доживотна. Таа е многу променета, веќе не знае што прави и што зборува – вели извор близок на поранешната двојка, откривајќи во јавноста дека Милан Станковиќ веројатно бил една од главните причини за раскинувањето на Рада и Харис.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close