Кафе муабет

Повеќе не ја крие: Оваа зеленоока убавица е новата девојка на Ѓорѓе Кулиќ- брзо ја заборави Анастасија покрај неа!

Не кријат дека се заедно...

Новата девојка на поранешното момче на Анастасија, Ѓорѓе Куљиќ, е вистинска убавица, а парот конечно ја објави првата заедничка фотографија на интернет.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Мила Радојевиќ успеа да го разнежни мистериозниот Ѓорѓе Куљиќ. Имено,тој важи за мистериозен тип, кој приватниот живот го чува далеку од очите на јавноста, но не сака да ги крие емоциите кон убавата Мила Радојевиќ.

Фото Инстаграм/Мила Радојевиќ

Иако новата девојка на Куљиќ не се експонира во јавноста и ја почитува неговата приватност, тие двајцата повеќе од два месеци го поминуваат времето заедно.

Сега за прв пат се фотографирани заедно, а јасно е дека и двајцата уживаат во секој заеднички момент и дека уживаат во оваа врска.

фото Инстаграм/Мила Радојевиќ

Ѓорѓе и Анастасија ја прекинаа петгодишната врска на почетокот на годината, а сега секој од нив продолжи понатаму. И додека Ѓорѓе ја освои Мила, Анастасија срцето му го даде на Немања Гудељ.
Ѓорѓе кој не и беше познат на јавноста пред да влезе во романса со младата пејачка стана интересен за медиумите а јавноста се заинтересира за неговиот живот, а излегоа и многу детали.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Атрактивниот Ѓорѓе Куљиќ го поврзуваа со познати девојки од естрадата, манекенки, наводно дури бил и со старлети, а бизнисменот имал пократки врски во Европа и светот, пишуваат медиумите.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Како што е познато, Куљиќ е богат бизнисмен кој својата кариера ја градел за време на студентските денови во Америка, каде долго време живеел и студирал во Њујорк, а потоа таму започнал бизнис со камиони.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Ѓорѓе сака да се дружи, има група пријатели со кои често сака да оди на патувања или излети.

фото инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

-Кулиќ се од Нови Сад, тие се среќно семејство кое со години има приватен бизнис“ рече неодамна извор близок до семејството на Кулиќ.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

-Се што поседуваат го стекнаа благодарение на голем труд и семеен бизнис кој се пренесуваше од колено на колено. По цела Војводина имаа млинови. Некои ги продадоа, некои ги задржаа, истакна соговорникот и рече дека не се збогатил преку ноќ.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

-Интересно е што заврши средно елитно училиште во Швајцарија која беше организирана на интернет каде што учеа и деца на принцеви и разни аристократи. Една училишна година чинеше околу 60 000 евра. Тоа јавноста не го знае, туку само знае дека студираше во Њујорк каде што има свој приватен бизнис, вели изворот и додаде дека Ѓорѓе започнал и приватен бизнис.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија веќе два месеци е во врска со фудбалерот Немања Гудељ, а неодамна проговори и за раскинувањето со младиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ со кој беше во врска 5 години.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Навистина мислам дека не останав недоречена, бидејќи кажав се за таа приказна така како што е, иако се очекува да биде многу побомбастична и подраматична. Немаше страдање. Ние сме возрасни луѓе, цивилизирано се разделивме и продолживме понатаму, секој на свој начин – истакна Анастасија и додаде дека Ѓорѓе не ја разочарал и повредил:

фото принтскрин

– Не Никогаш. Тој е прекрасна личност и навистина му посакувам прекрасен живот и иднина од се срце. Секогаш сум отворена за љубов и убави чувства. За мене љубовта е најубавото нешто на светот – истакнала Анастасија за „Стори“.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close