Кафе муабет
Скршена од болка Николина Пишек се огласи за прв пат по сите написи за љубовницата на Видоје: Еве што кажа водителката…
Не може да се собере...
Периодов многу се пишуваше и зборуваше за причините за смртта на сопругот на Никола Пишек, Видоје Ристовиќ, а сега водителката за прв пат јавно проговори и за загубата на партнерот со кој планирала да го помине целиот свој живот.
– Најболно ми е што Уна го загуби својот татко, а јас личноста со која планирав да бидам цел живот. Се друго е апсолутно неважно – изјави водителката која на социјалните мрежи се прости од сопругот со емотивна порака која растажи многумина.
“Сакаме ваков да те паметиме. Насмеан, светол, во бои, под сонцето. Со сите нас. Само да имаше уште вакви моменти. Да не се брзавме за уште една обврска, за друга прилика, да чекавме нешто да се реши за сите да би можеле да бидеме толку среќни заедно. Некои средби никогаш не се случуваат. Но, јас сум толку богата – и сите ние заедно – богати за сите бесценети моменти со тебе кои би можеле да исполнат три животи. И ти благодарам за секој од нив.Прости ми и ти благодарам за секоја тага – и тие нас не изградија. Ти благодарам за твојата љубов. Ти благодарам за Уна. Ќе живееш во секој од нас додека дишеме. И ќе те гледаме во твојата Уна и твојата Матеа и знај дека сме со тебе додека тие растат . Ти си наш. Патувај и не грижи се…“, напиша Николина.
Да потсетиме, Видое Ристовиќ почина на 8 мај 2022 година на 44 годишна возраст поради последици од инфаркт, а погребан е на 12.05. на Новите гробишта во Белград.
Николина на погребот на сопругот дошла во придружба на нивната ќерка, а таму била и ќерката на Видоје од првиот брак.
Кога започна тажната поворка, водителка се држеше за рака со татко му Мишо Гроф.
Заспал и не се разбудил…
Како што дознава српска „Република“, наводно љубовницата на Видое Ристовиќ дала изјава во полиција во врска со неговата смрт …
Љубовницата на Видое Ристовиќ, како што дознава споменатиот медиум, е извесна Д.Б а во исто време и масерката, која кобната ноќ била со него. Наводно, историчарот на уметност починал откако имал интимен однос со споменатата жена, која била сослушана во полиција.
Како што пишува понатаму споменатиот медиум, Д.Б. го прославила роденденот со Ристовиќ, во изнајмен стан во Ѕвездара. После тоа почина сопругот на Никола, Пишек, иако претходно се чувствуваше добро и немаше никакви проблеми:
– Кога вечерта била испрашувана масерката Д.Б., таа во полиција рекла дека Видоје дошол во нејзиниот стан во Ѕвездара, каде живее како потстанар. Тој ден и беше роденден и како што беше договорено го прославија заедно. И двајцата беа среќни и немаа поим за трагедијата. Како што Д.Б продолжила во изјавата, Ристовиќ изгледал како и обично, не се пожалил на ништо, ниту пак забележал дека нешто го боли или мачи. По вечерата Видоје испил пијачка, вотка или виски, не можела точно да прецизира бидејќи била шокирана од се што се случило, а потоа признала дека имале интимна врска – вели извор близок до истрагата за споменатиот медиум.
Понатаму се наведува дека масерката повикала брза помош, кога забележала дека не дише:
-Како што изјавила и таа, по врската разговарале уште малку, а потоа и двајцата заспале. Д.Б. тврдела дека во еден момент се свртела кон Видоје и забележала дека не дише и дека веднаш повикала брза помош. Меѓутоа, кога екипата пристигнала во станот веќе било доцна за реанимација, па констатирале само смрт. Според неа, Д.Б. потоа за се го известила таткото на Ристовиќ, Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, кој набрзо дошол да ги преземе неговите лични работи. За таа средба таа рече дека и било многу тешко, и дека се уште не може да се вразуми од шокот што го преживеала откако Видоје починал во нејзиниот кревет.