Кафе муабет

Илда Шаулиќ си ја отвори душата: Поради татко ми сите врати ми беа отворени

Гради кариера без скандали...

Популарната пејачка својата музичка кариера ја гради без скандали. Илда откри дека многу и помогнало тоа што има препознатливо презиме, но дека со себе донело и одредена одговорност.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Ќерката на Шабан Шаулиќ се обиде да создаде своја кариера и уникатен стил.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

-Секако, секогаш ми беше олеснување што сум ќерка на Шабан Шаулиќ. Отпрвин сите врати ми беа отворени. Звучно, познато презиме, луѓето веднаш знаеја за кого се работи. Колку што беше добро, толку може да биде и лошо. За сите овие 13 години што пеам, мислам дека оставив белег и не го посрамотив татко ми, изјави Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Шабан Шаулиќ почина во 2019 година по трагична сообраќајна несреќа, а неговото семејство тешко ја издржа оваа загуба.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Тој февруари за целото семејство Шаулиќ, животот се смени и времето не ја избриша болката на неговите најблиски.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Иако навршуваат речиси четири години од трагичната сmrt на нејзиниот татко, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, неговата ќерка Илда Шаулиќ по толку долго време реши да открие за јавноста како се чувствува.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Русокосата пејачка признава дека не поминува ден без да погледне во небото и да ја побара нејзината sвезда водилка, тато Шабан.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Не поминува ден без јас да го споменам во некој контекст и секако е така. Го живеам моментот. Треба да работам на музиката, да снимам песни и тоа е најдобрата врска со татко ми – истакнува таа, за која покојниот пејач велеше дека му е миленичка.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда Шаулиќ, истакна дека по загубата на нејзиниот татко целото семесјтво собра сили да продолжи понатаму. Таа често ги посетува местата кои нејзиниот татко ги обожаваше, па така пред извесно време беше во Крчедин, местото кое Шабан го нарекуваше своја оаза на мирот.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда признава дека во слободно време го посетува ова место каде што имаат и семејна куќа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Јас секогаш пролевам солза. Сè уште неговата енергија е присутна и ја чувствувам кога ќе влезам во куќата во Крчедин затоа што тој поминуваше многу време таму.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Колку почесто одам таму толку повеќе сфаќам зошто тој го сакаше тој мир, вода и енергијата што ги дава реката.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда истакна дека нејзината ќерка Ема, но и нејзината братучетка Уна наследиле талент од нејзиниот покоен дедо:

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Ема и Уна неодамна ја имаа својата прва средба со риболов. Мојот сопруг им покажа како да ловат риба и ним им беше многу интересно и забавно. Бог да ги благослови кога ќе пораснат малку, и тие ќе одат во Крчедин да ловат риба.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close