Кафе муабет

Голема причина за славење кај Маја и Ненад: Барем сега знаеме дека направивме нешто совршено

Маја ужива во улогата на сопруга и мајка...

Познатата пејачка Маја Шупут денеска има голема причина за славење.

фото инстаграм/Маја Шупут

Пред точно три години таа го кажа судбоносното “ДА” на нејзиниот сопруг Ненад Татаринов, а во меѓувреме станаа родители на синот Блум во чии авантури уживаат секојдневно.

фото инстаграм/Маја Шупут

– Нека ни е среќна годишнината од бракот маженце. Да сме живи и здрави уште сто години. Барем сега знаеме дека направивме нешто совршено, напиша пејачката во описот на фотографијата на која позира со својот сопруг.

фото инстаграм/Маја Шупут

Маја и Ненад се венчаа на 11 мај 2019 година во луксузниот имот Менегети во Бејл, Истра. На свеченоста за неа пееше оперската пејачка Мартина Томчиќ, една од членовите на жирито на Суперталент со која Маја таа година ги оценуваше кандидатите.

фото инстаграм/Маја Шупут

До олтарот ја однесе нејзината мајка а раскошната венчаница ја дизајнирал долгогодишниот пријател Марко Грубниќ. Фустанот го откриваше грбот на Маја одзади и имаше раскошен слоевит шлеп додека напред беше скроен да ја следи линијата на телото, а одозгора изгледаше како корсет од проѕирен тул.

фото инстаграм/Маја Шупут

Додека Ненад и Маја го разменуваа првиот бакнеж како маж и жена, свиреше песната Love Me Like You Do.

Забавата траела цел викенд, а пејачката сменила неколку бели фустани.

фото инстаграм/Маја Шупут

Многумина веднаш ја прогласија свадбата на Маја за свадба на годината.

фото инстаграм/Маја Шупут

Неодамна Маја за Стори ја отвори вратата од својот дом и зборуваше за семејната идила со сопругот Ненад и синот Блум.

фото инстаграм/Маја Шупут

Маја беше особено искрена кога станува збор за семејниот живот со сопругот Ненад Татаринов и нивниот син Блум кој уште од сега е вистинска ѕвезда.

фото инстаграм/Маја Шупут

– Весело. Тоа дете никогаш не плаче. Тој само би играл, смеејќи се цело време. Тој стана многу енергичен и жив. Тој ги сака сите луѓе. Воопшто нема проблем со стотина нови луѓе околу него. Тој сака да се капе, тоа е нашиот омилен ритуал. Тоа му е од мама. Сака да патува и да ужива во хотел. Никаде не спие како во хотел. Не можете да го замислите тоа… Тој навистина сака да јаде. Ужива во храната – риба, месо, праз, вели Маја за едногодишниот син.

фото инстаграм/Маја Шупут

– Иако мислев дека знам што е љубов, всушност не знаев додека не го родив Блум. Таа количина на љубов и грижа не може да се измери со ништо. Никогаш повеќе нема да сакам некој толку многу, гордо вели пејачката.

фото инстаграм/Маја Шупут

Што се однесува до нејзиниот сопруг Ненад, таа откри за што му е најблагодарна.

фото инстаграм/Маја Шупут

– Сега ми е многу поважно каков татко е тој отколку како сопруг е. И тој е прекрасен татко. Најмногу сум му благодарна на тоа што тој е нормален човек кој го прифати тоа дека за време на викендите работам а тој се грижи за Блум. Тие имаат свој машки принцип, играат, јадат, се забавуваат. Блум не е дете со барања, тие одлично се забавуваат кога јас не сум таму. Одат на шопинг, на прошетка, го заспива. Размислував како би било да имам сопруг на кој ќе му биде тешко сето тоа иако се работи за негово дете…, искрено истакнува пејачката која моментално ужива во деловната и приватната идила.

фото инстаграм/Маја Шупут
фото инстаграм/Маја Шупут
фото инстаграм/Маја Шупут
фото инстаграм/Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close