Кафе муабет

Чичкото се откажа од внуката а сега жали поради тоа: „Ја видов ќерката на Луна на слика но би сакал да ја запознаам во живо! ЏОЛЕ ЏОГАНИ искрено за односот со Луна и Анабела

Сака да ги закопаат воените секири...

Џоле Џогани за прв пат јавно зборуваше за врската со неговата внука Луна Џогани. Тој истакна дека би сакал да биде поблизок со неа но и дека б сакал да ја вди малата Миа.

фото инстаграм

– Не разговарам со Луна, зборувам со Гаги. Со Луна немаме комуникација, освен во некои моменти кога се гледаме на родендени и прослави. Не зборуваме премногу, само „Здраво, како си“. Односите не се расипаа, никогаш не сме разговарале премногу.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

-Воопшто не разговарам со Анабела, само со Гаги. Бебето на Луна го видов само на фотографија што ми ја покажа Гаги, секако дека би сакал да ја видам во живо. Нема потреба од никакви караници, сакам да разговараме, да се дружме- изјави Џоле ​​Џогани, а потоа откри дали би дозволил неговата наследничка да влезе во реално шоу.

фото инстаграм/Луна Џогани

-Не ја советувам  ќерка ми да учествува во реално шоу но ако одлучи, тоа е нејзина одлука – рекол Џоле.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

Џоле истакнува дека би сакал да има одлични односи со ќерката на неговиот брат Гаги, а би сакал да ја види и наследничката на Луна, малата Миа.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Гаги вчера дојде во Белград, беше во Шведска, сестра ми не собира на ручек. Ќерката на Луна ја видов само преку фотографија. Сакам да го видам бебето. Би сакал да разговараме, да се дружиме. Нема причина за никаква кавга – додаде тој на промоцијата на албумот на пејачката Зорана Симеуновиќ.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

Инаку неодамна пејачката Анабела Атиас, мајка на Луна Џогани, изјави дека токму нејзиниот поранешен девер, Џоле Џогани е виновен за нејзиниот развод од Гаги Џогани, но и за распадот на групата Funky G.

фото инстаграм/Анабела Атијас

“Ништо не може да ме повреди повеќе одколку човек кој се откажува од својот брат. Мислам, како, тогаш, што сум му јас нему? Неважна личност. Дека сум заработувала 5.000 евра … Па, му благодарам „ Сè што тој рече, е точно“, иронично рече Анабела, откривајќи дека токму Џогани се обидел покрај презимето да и го земе и името.

фото инстаграм/Анабела Атијас

” Сето тоа го презедов на себе. Во тој период, за време на разводот и распадот на групата Funky G, сè ми беше одземено – и песните и презимето! Морав да учествувам во „Големиот брат“ да се борам за моето име, што ми го дала мојата мајка и исто така, ме оспоруваа, затоа што јас ја изрекламирав Анабела преку Funky G. Јас првенствено бев девојка на Гаги, затоа формиравме група. Не жалам што Гаги беше мојот сопруг, ниту пак тој се кае за тоа “ рече Анабела и истакна дека токму Џоле Џогани „фрлаше дрвја и камења“ кон неговата внука Луна за време на учеството во првата сезона на шоуто Задруга.

фото инстаграм/Анабела Атијас

Кога Џoлe се откажа од Луна во „Амиџи шоу“ тој рече:

“Ова дете не е наше дете, не ме прашувајте за неа, имаме свои деца, затоа што тогаш Луна беше губитник, беше омразена, љубовница. Сега се ‘се промени затоа што таа е победник, па тие сакаат да се смират. Но, Луна повеќе не сака затоа што ги немаше кога и беа потребни “, рече таа.

фото инстаграм/Анабела Атијас

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close