Кафе муабет
КОНЕЧНО ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА РАСКИНУВАЊЕТО: Ханде има ново момче- Поради овој згоден актер му го скрши срцето на Керем
Омилениот пар повеќе не е во љубов...
Ханде Ерџел и Керем Бурсин, ѕвездите од серијата „Чукни ми на врата“ долго ја криеја својата романса, а потоа и ставија крај на љубовта по само неколку месеци откако јавноста дозна за нивната љубов.
Фановите останаа разочарани, Керем отпатува во странство за да работи на нови проекти, а Ханде најде нова љубов.
Турските медиуми сега пишуваат дека новото момче на Ханде Ерџел е виновникот за распадот на љубовта омилениот актер на публката.
Имено, актерката која македонската публика ја запозна по улогата на Еда Јилдаз за медиумите ја потврди врската со колегата Кан Јилдирим.
На прашањето дали ќе остане пријателка со Керем, таа кратко одговори:
– Дали мислите дека тоа сепак можно? Ајде да не зборуваме за тоа, ве молам.
Кога Ханде решила да раскине со Керем, решила за тоа да не ги извести своите придружници, па така не им кажала ништо за тоа.
Речиси 30 милиони нејзини следбеници уживаа во снимката на поранешната мис на Турција од Лондон, каде црномурестата убавица е сосема сама.
Се чини дека актерската суета сепак ја згасна љубовта за која многумина мислеа дека води до брак.
Ханде со своите 15 милиони фанови важи за една од најпопуларните жени во Турција на социјалните мрежи. И додека во „Црниот бисер“ гледачите ја гледаа како се мачи со љубовните проблеми, во приватниот живот оваа фатална дама очигледно им претставува проблем на другите жени.
Па така наводно и Керем пред да ја сретне убавата Ханде бил во среќна врска, а како што пренесуваат медиумите, тој наводно не можел да и одолее на актерката, посебно по големиот број романтични и интимни сцени што ги снимале заедно. Парот и покрај тоа што ги демантираше таквите гласини, фотографиите што и двајцата ги објавија на социјалните мрежи ги разоткрија.
Инаку, Ханде која кариерата ја започна како модел, во центарот на вниманието се најде неодамна која странските медиуми ја споија со Бред Пит.
Наводно, за неа пишуваа дека популарниот холивудски актер не можел да и одолее, а американските медиуми пишуваа како 57 годишниот Бред откако прв пат ја видел како глуми во една од нејзините улоги се воодушевил и од тогаш често го посетувал нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Доста му е од жените во Холивуд, се обидува да дојде до Ханде, но не сака да го направи тоа преку социјалните мрежи бидејќи така не се чувствува безбеден“. Наводно до Ханде стигнала информацијата дека Бред е маѓепсан од нејзиниот шарм и тоа навистина и годи. Кога имала 16 години била вљубена во него и сега не може да поверува дека ја забележал.
„Сигурен сум дека ќе отидат на заедничка вечера“, изјави тогаш извор за странските медиуми.