Кафе муабет

Заљубени се како и првиот ден: Нови детали за врската на Макрон и Брижит- поради него остави три деца и сопруг а еве како тој и докажувал дека е заљубен во неа

Заедно минуваат низ се...

Биографијата на францускиот претседател Емануел Макрон (43) открива детали за неговата врска со 25-години постарата сопруга Брижит Макрон (68).

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Автор е францускиот новинар Гаел Чакалоф (49), кој се спријатели со Макрон во 2016 година, а будно ги следеше последните година и пол и напиша биографија „Се додека сме заедно“.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Макрон и Брижит се многу поврзани, имаат заеднички распоред и знаат од минута во минута што прави другиот. Тие се убедени дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност. Претседателот оди во кревет откако разговара со жената која е заљубена во него. Таа понекогаш заспива и воопшто не го слуша што зборува, но најчесто го чека. Макрон и се јавува на сопругата на секој час и половина, а сите одлуки и чекори ги преземаат заедно.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Напишана е уште една биографија за првата дама на Франција, нејзината младост и врската со нејзиниот сопруг. Автор е француската новинарка Маел Браун.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

– И двајцата се многу интелигентни, поврзани на различни нивоа и покрај сето тоа, се многу заљубени. И двајцата сакаат книги и читање и нивниот пристап кон животот е токму тоа. Кога разговарате со Брижит или Емануел, нивниот говор е полн со литературни алузии. Мојата книга не е политичка книга, туку книга за љубовта. Кога ги гледав заедно, а ги гледав често, секогаш се допираа и бакнуваа по образ, откри авторот на книгата.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

– Зборуваат кога и колку можат, дење и ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа во женското крило на приземјето на Елисејската палата, а неговата е на првиот кат, па често се гледаат, наведува авторот.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Иако Макрон е близок со својата мајка, неколку пат низ книгата се провлекува мајчинската грижа на Брижит кон Макрон. Авторот истакнува дека мајката на Макрон и Брижит која е три години помлада од нејзината свекрва, имаат пријателски односи. Емануел напишал и еротски роман за својата сопруга пред да ја освои.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

-Го познавав од видување, еден ден ми дојде тој непослушен тип и ме замоли да напишам околу 300 страници прилично еротски и валкан роман. Имињата беа сменети, но беше јасно дека тоа е нешто низ што поминува сам, изјави поранешниот сосед на денешниот француски претседател Емануел Макрон.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Младиот тинејџер, Макрон, го донел својот ракопис на соседот кој се занимавал со пишување, во кој пишува за жена во која се заљубил една година претходно – 24-години постарата професорка Брижит, која била мажена и мајка на три деца.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

-Книгата не е направена со помош на госпоѓа Макрон, иако таа одговори на некои прашања кога ги испратив во нејзината канцеларија. Сакав да го тргнам превезот на тајноста од една многу комплицирана личност. Ме интересираше се, од тоа како се заљубила во својот ученик до нејзиниот интерес за музика, бидејќи нема рок концерт на кој госпоѓа Макрон не оди, дури и тајно, изјави новинарката која книгата ја нарече „Брижит Макрон, ослободена жена“.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Брун разговараше со околу 50 „сведоци“ – од нејзините поранешни студенти,  соседите во градот каде што живееше, до познаниците на нејзините деца од нејзиниот прв брак, кои, наводно, од самиот почеток ја поддржуваат врската и бракот на нејзината мајка со Макрон.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Првите страници од книгата ги опишуваат приказните на колегите студенти од приватно католичко средно училиште во Амиен за тоа како 15-годишниот Макрон бил опседнат со брилијантната професорка по литература и драма, и како нејзиниот сопруг, банкарот Андре-Луис Озиер, реагираше на нивната афера.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

– Видовме дека се пријатели, дека разговараат после часовите и имаат заеднички интереси, но никој тогаш не помисли дека тоа е вистинската врска, велат поранешните колеги.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Кога родителите дознаа за чувствата на Макрон, тој беше испратен во Париз, каде цврсто одлучи на Брижит да покаже и докаже зошто тој е добар избор за неа.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Познавачите на овој пар велат дека идејата за политичка кариера произлегла од таа потреба, за да и се докаже на саканата жена. Посебно е интересно да се дознае дека тинејџерот Макрон ги опишал своите чувства во споменатиот роман, чиј примерок наводно никој, па ни Брижит не го сочувала, бидејќи, наводно, нејзиниот сопруг бил многу незадоволен од напишаното.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

– Многу луѓе ме заобиколија на почетокот на нашата врска, се ми се збореше зад грб, а моите браќа и сестри ја презедоа улогата на заштитници и родители кои повеќе ги немав. Сепак, сето тоа беше залудно, бидејќи кога нешто цврсто ќе одлучам, тогаш го правам тоа, изјави во едно интервју Брижит Макрон, која со својот сопруг е во брак од 2007 година, а тие посвоија куче по име Немо.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Според познавачите, двојката Макрон е вљубена како првиот ден.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close