Кафе муабет
ПРИРЕДИ НОВА ДРАМА: Дарко Лазиќ во притвор, мајка му во ШОК- кажа само една реченица
Возел со преголема брзина...
На пејачот Дарко Лазиќ му е одреден притвор од 48 часа, по што ќе биде изведен пред судија за прекршоци, дознаваат белградските медиуми.
Лазиќ рано утринава околу 4 часот бил приведен на автопатот во Нов Белград по што бил сослушан во Полициската станица Нов Белград.
Според последните информации на тамошните медиуми, Дарко Лазиќ бил приведен поради пребрзо возење, тој возел 117 километри на час на место каде максималната дозволена е 80 километри на час.
Направил и нарко-тест, како и ал*о-тест кој покажал дека е позитивен на кокаин, а му биле измерени и 0,91 промили ал*охол во телото.
Со натамошна контрола е утврдено дека на Лазиќ му е одземена возачката дозвола на 18 декември 2013 година.
Пејачот поради своето арогантно однесување заврши во притвор!
Фолкерот Дарко Лазиќ е приведен откако сообраќајната полиција открила низа прекршоци кога пресретнувач околу 16 часот го запрел на автопатот во Нов Белград.
Во оваа прилика неговата мајка Бранка Лазиќ изјави дека не знае за што се работи.
– Кога беше уапсен? Не бев информирана. Не знам за тоа, се немам слушнато со него – изјави Бранка.
На пејачот Дарко Лазиќ му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред судија за прекршоци, пренесува Телеграф.
Дарко Лазиќ (28) едвај спаси жива глава на 23.10.2018 година, по тешката несреќа што ја доживеа на патот Суботиште-Брестач.
Лекарите повеќе од еден месец се бореле за неговиот живот во КБЦ Земун, каде што тој лежел.
Му ја извадија слезината, имаше неколку операции, а во одредени моменти младиот пејач беше во критична состојба.
По лекувањето во КБЦ Земун, Дарко на 29 ноември беше префрлен во бањата Селтерс во Младеновац, каде што му беше извршена пропишаната терапија, но не успеа целосно да ја врати функцијата на едното стапало.
Дарко на 29.04.2020 година исто така бил уапсен, бидејќи возел без возачка дозвола, плус – за време на забраната за сообраќај, односно полициски час, утврдена поради пандемијата на корона вирусот.
Но, во изјавата по инцидентот рече дека едвај чекал повторно да вози.
– Едвај чекам да добијам дозвола за возење. Сакам да возам и секогаш ќе возам, само што овојпат ќе се потрудам да извадам дозвола и да возам убаво како сите други граѓани – изјави тогаш Дарко.
За Србија Данас, соговорникот од истрагата раскажа како Дарко секогаш успева да избегне казна.
– Полицијата никако не може да го најде на адресата каде што е пријавен. Не живее таму – изјави соговорникот.