Кафе муабет
Имам 28 години и три деца, а докторите ми дијагностицираа РAK и рекоа дека ќе ЖИВЕАМ САМО ДО МАЈ ОВАА ГОДИНА: Се борам со сите сили за живот, а коментарите на луѓето се СТРАШНИ
Сака да помине повеќе време со децата...
Џема Мекгован од Северна Ирска e мајка на три деца која во февруари 2021 година, се соочи со тешка дијагноза – рак на јајниците во четврта фаза, а прогнозата беше ужасна – лекарите и рекоа дека ќе живее само до мај оваа година.
Џема решила со своите следбеници на Инстаграм да ги сподели сите детали од лекувањето и посетите во болниците, а и покрај тежината на болеста се соочила со ужасни коментари и навреди.
Имено, таа се пожали на британските медиуми дека поединци континуирано ја злоставуваат, обвинувајќи ја дека „ја лажира болеста“ и „изгледа премногу добро за некој што умира од рак“.
Сепак Џема истакнува дека не и пречат ваквите коментари, бидејќи е презафатена да најде начин да си го продолжи животот и да остане што подолго со своите деца – Сејди, Луис и Бети.
„Добивам барем еден ужасен коментар неделно. Редовно ми кажуваат дека се преправам дека имам ра-к или дека немам терминален карцином затоа што изгледам премногу добро за болна личност. Не сум вознемирена бидејќи тие не знаат што зборуваат. Не знам каков доказ уште сакаат“, рече оваа мајка.
На Џема првпат и бил дијагностициран рак на јајниците во 2016 година, кога имала само 22 години, додека била во шестата недела од бременоста со своето второ дете. Таа беше оперирана, а лекарите и рекоа дека не веруваат дека болеста ќе се врати.
„Тоа беше ра-к во почетната фаза, па по операцијата го оставив зад себе и продолжив со мојот живот“, вели таа. И навистина – во следните четири години немаше никакви симптоми.
Меѓутоа, во јануари 2021 година почувствувала грутка на телото, па била испратена на магнетна резонанца, а во исто време била хоспитализирана за да се подготви за царски рез. Само 24 часа по породувањето, на Џема и било кажано дека ра-кот се вратил, и дека има повеќе тумори.
“Зборовите на кои се сеќавам беа: неизлечив, агресивен. Почнав со хемотерапија кога Бети имаше само две недели, но не бев подготвена да се откажам и да им кажам на моите бебиња дека ќе ум-рам”, рекла таа.
По три круга од два различни типа на хемотерапија, во мај минатата година, тим од онколози идентификувале три нови тумори во телото на Џејми, што укажувало дека третманот не дава резултати. Во таа прилика отворено и кажале дека и останале уште 3 до 15 месеци живот.
Сепак, таа одби да ги прифати таквите прогнози.
“Не барам да бидам баба, само сакам да бидам мајка. Само сакам повеќе време, па зошто да не дадам се од себе”, изјавила Џема, која сега се свртува кон алтернативни третмани за ра-к.
Таа пронашла контроверзна клиника во Мексико која нуди алтернативни терапии по цена од 90.000 фунти. Џема собра пари преку платформата GoFundMe.
-Земам многу лекови кои не се одобрени или се во клинички испитувања. Не гледам на опцијата да ум-рам во мај. Не јадам шеќер,млечни производи, месни протеини, јаглехидрати. Пијам многу здрави сокови и гладувам, чувствувам дека сум на вистинскиот пат и сакам да се излечам себеси“, изјави оваа храбра, млада жена.
Сепак, таа е подготвена за најлошото сценарио, па поради тоа истакна дека им подготвила кутија со спомени на своите деца, па дури и им купила подароци за сите големи моменти кои допрва следуваат – родендени, свадби, матура…
“Сакам моите деца да се сеќаваат на мене и да знаат дека мислев на нив. Некој еднаш ми рече дека утре можам да излезам од дома и да умрам во сообраќајна несреќа. Јас ја знам мојата судбина, па имам време да се подготвам и можам да ги ценам деновите што ми останаа“, заклучи Џема.