Кафе муабет
Џенифер Анистон искрено зборуваше за проблемот со кој се бори од 30-тите
Не може да спие...
Ѕвездата на „Пријатели“ откри дека со децении страда од проблеми со спиењето, а грижата дека не може да заспие често и создава огромен стрес во текот на ноќта.
„Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Проблемот со несоница го доживеав во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостатокот на сон и се чувствуваме непобедливи, откри Анистон во интервју за магазинот People.
– Едноставно го прифатив проблемот со несоницата, а потоа одеднаш почнуваш да ги разбираш ефектите од недостатокот на сон и како тоа влијае на целиот твој ден, на функционирањето на твојот ум и физичкиот изглед, рече таа, признавајќи дека во минатото знаела и да месечари.
– Колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам. Порано знаев да шетам во сон, а од таква состојба ме будеа домашните аларми. Тоа стана нешто со кое навистина се борев, рече таа, и поради нејзиниот проблем на крајот реши да побара лекарска помош.
– Порано спиењето беше последното нешто на мојата листа, но поради тоа не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – а тоа се исхраната, вежбањето и спиењето. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не работи, вели ѕвездата на „Пријатели“.
Инаку по многу критики дека мислела само на својата кариера, 52- годишната холивудска актерка Џенифер Анистон за прв пат реши јавно да проговори и да ја открие вистината за мајчинството.
Имено таа реши да стави крај на озборувањата и одговори на обвинувањата дека ја отфрлила шансата да стане мајка поради нејзината актерска кариера.
Таа изјави за Холивуд Репортер дека луѓето не знаат ништо за нејзината медицинска историја. По разводот со Бред Пит, актерката во 2016 година изјави дека отсекогаш сакала да има деца, но дека и понатаму сака.
Таа стана голема ѕвезда благодарение на серијата „Пријатели“, но ја погодија шпекулациите за нејзиниот приватен живот.
– Сето тоа го прифатив многу лично, тие гласини за бременоста и коментарите дека избрав кариера наместо деца. Ми пречеше тоа што овие луѓе немаа поим што се случува во мојот приватен живот, каква е мојата здравствена состојба, зошто не можам… Дали можам да имам деца? Тие не знаат ништо за тоа – рекла актерката и тие коментари ги нарече „болни“ и „просто зли“.
-Она што тогаш таблоидите и медиумите им го правеа на луѓето за личниот живот, сега го прават обичните луѓе. Дали сè уште гласините се дека ќе имам близнаци? Дали на чудесен начин ќе станам мајка на 52 години? Не знам зошто има таков злобен тренд во општеството. Често се прашувам што им е возбудливо во тоа“ – изјави таа.
Анистон се осврна на општеството во кое живееме и објасни дека се уште е во ред мажите да стапат во брак повеќе од еднаш и да имаат 30 години помлада жена и дека тоа многу влијае на припадничките на понежниот пол и незадоволството ако ситуацијата е обратно.