Кафе муабет
Ќерката на Цеца си најде ново момче: По пет години го остави младиот бизнисмен и го фати фудбалерот на Севиља (ФОТО)
Анастасија во нова љубовна врска...
Неодамна како бомба одекна веста дека наследничката на пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, ја раскинала петгодишната врска со Ѓорѓе Куљиќ, а сега е во нова врска со фудбалерот од Севиља.
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ наводно се во врска само еден месец, а таа пред неколку дена замина кај своето момче.
Љубовната приказна на овој млад пар започна преку заеднички пријатели, а по неколку состаноци започнаа љубовна врска.
Тие се среќни и уживаат во љубовта, но двајцата се уште не сакаат да зборуваат на оваа тема.
Гудељ моментално игра во Севиља, Шпанија, од каде Ражнатовиќ ја објави приказната на својот Инстаграм профил.
Како што откри извор за Телеграф Џетсет, Анастасија го запознала неговото семејство и моментално ужива во љубовта со него.
Иако сакаат да се сокријат од љубопитните погледи, неодамна тие биле снимени на вечера на која присуствувале сестрата на Немања, Вања и братот Драги, таму биле нивните пријатели и пиеле вино, а во приказната на Инстаграм се гледа како ќерката на Цеца наздравува додека нејзиното ново момче седи до неа.
Инаку, Гудељ не е скандал мајстор и вљубеник во ноќниот живот, но претходно го поврзуваа со поп-ѕвездата и колешката на Анастасија, а станува збор за Сања Вучиќ.
Двајцата ја криеја својата врска, а потоа пред неколку месеци таа потврди дека тој е познат српски фудбалски репрезентативец, пренесува Курир.Според медиумите, Анастасија и Немања се во врска еден месец, а исто толку помина и откако Гудељ раскина со Сања Вучиќ, членка на групата „Ураган“.
Сања Вучиќ и Немања Гудељ биле во врска шест месеци, а наводно раскинале поради далечината. Како што пишуваа медиумите пред еден месец, Сања беше таа што реши да ја прекине врската со Немања:
– Двајцата се договорија дека е подобро да стават пауза, за подоцна да видат што ќе прават – вели изворот:
-Сепак, сега кога сите видоа дека Сања е слободна и дека повеќе нема момче, сигурно сите ќе ја нападнат. Веруваме дека нема да остане сама бидејќи обично има додворувачи, а дури сега многумина ќе се охрабрат – објасни тогаш изворот.