Дом и семејство

ДУШАН ЈОВАНЧЕВИЌ ЗБЕСНА ПОРАДИ ОВОЈ ПОТЕГ НА ТАЊА САВИЌ: „Кога имаше многу, трошеше без престан!

Сака повторно да и ги земе децата...

Според пишувањата на медиумите, пејачката Тања Савиќ многу порационално ги троши парите откако поранешниот сопруг ја оставил без ништо.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Откако почувствувала што значи да се има па да се нема, пејачката ги намалила трошоците на минимум, дури и кога се во прашање нејзините синови Максим и Ѓорѓе, пишува Стар, пренесува Информер.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Кога имаше многу, трошеше многу. Пред две години, кога Душан буквално ја ограби, таа повторно почна од нула. Секој настап, секој заработен динар и е важен. Пред короната нејзините деца одеа во приватното меѓународно училиште во Сењак, каде што посетувале настава на англиски јазик. Тања скапо го плаќаше тоа училиште на годишно ниво, но не и беше жал бидејќи инвестираше во своите деца и нивното знаење. Нејзиниот сопруг Душан тогаш не сакаше да слушне нивните деца да одат во државно училиште, туку го бараше само најдоброто за нив- открива извор близок на Тања.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Сега кога децата се сами со неа и кога таа сама одлучува за нивниот живот, Тања го откажа приватното училиште за да ги намали трошоците. Ги запишала во државно училиште во Смедерево, каде што живеат. Таму се сите деца од соседството, а можат даодат и пешки до училиште, што за Тања многу значи. Сите во Смедерево ги знаат, па некако и е полесно, бидејќи во Белград постојано беше под стрес. Децата не се жалат, не им е важно каде одат на училиште, а Тања знае дека тоа што им е блиску не ја чини ништо. Сепак, таа мора да ги врати сите изгубени пари за да може повторно да инвестира во нови песни и спотови. Не и е лесно, се разбира, но се бори најдобро што може. Душан полудел кога слушнал дека децата одат во државно училиште, но бидејќи не можел да стори ништо од  Австралија, така останало – открил изворот.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Без оглед што децата и се доделени, нејзиниот сопруг Душан се уште не мирива – не бира начини за да и наштети и повоторно да и ги земе синовите, и сето тоа го прави од Австралија.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Душан отворено призна дека ќе се труди да ги врати децата дома, а тоа сега наводно и го прави.

Прво во медиумите пласираше приказни каде Тања ја оцрнуваше. Дали е вистина или не, само тие знаат, но кога видел дека таа нема да се откаже од своите деца, тој наводно бара секаков начин и дупка во законот за да ги донесе наследниците кај него.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Душан, по наводите на добро информиран извор алудира на тоа да ја престави Тања како лоша мајка која ги оставила своите деца поради работата и кариерата.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Да биде преставена како мајка која ги оставила своите деца на две недели и заминала во друга земја.

Нема сомнеж дека децата се добро згрижени. Сестрата на Тања, Билја води сметка за нив, баш како и нејзиниот роден брат Немања, но и родителите на Тања.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Но, Душан може да оди со приказната дека додека децата биле кај него ниту еден ден не се одовјувал од нив, и дека бил родител за пример, работел домашни задачи со нив.

фото инстаграм/Тања Савиќ

За потсетување, Душан Јовановиќ законскиот сопруг на Тања Савиќ, ја шокираше јавноста кога пред повеќе од година дена на измама и ги киднапираше нивните синови Максим и Ѓорѓе и без знаењето на пејачката ги однесе во Австралија.

фото инстаграм/Тања Савиќ

По повеќе од година дена тешка борба и агонија Тања успеа да ги донесе своите синови во Србија, а нејзиниот сопруг тогаш се огласи во српските медиуми.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Добро сум, жив човек на се ќе се навикне. Децата ми даваат сила и поради нив можам да бидам силен. Што нас не не у-бива, тоа не прави посилни. Нормално дека ми недостасуваат Максим и Ѓорѓе, тие се мојот живот, поради нив постојам.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Кај мене не постои граница што би направил за семејството. Дури и да бидам со нив би ги земал од мајката, рекол гордот тогаш Јовановиќ и додал дека своите синови постојано му ѕвонат.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close