Uncategorized

Згодниот актер од серијата „Неверство“ потекнува од многу моќно семејство- ова се неговите родители, важат за најпознатиот пар во Турција

Му годи славата...

Младиот турски актер Тарик Емир Текин кој јавноста го запозна по улогата на немирниот Селџук во серијата Неверување потекнува од актерско семејство, а студирал и глума на Оксфорд.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

Го знаеме како Селџук од серијата „Неверство“, а тој откри како се подготвувал за улогата.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

– Професионалниот психолог Зехра Олџај Туна ми даде идеи за карактерните црти на Селџук. Со моите набљудувања и истражувања, се појавија општите карактеристики на Селџук. Ми рекоа дека Селџук е од Текирдаг и дека таму треба да зборува со акцент. Водејќи се од ова, ги идентификував и фонетските ноти на ликот и на нив го адаптирав сопствениот говор. Потоа ги утврдивме физичките карактеристики на ликот. Избравме животно налик на орел. На пример, рамената на Селџук стојат наназад; неговото држење со градите напред и рамената наназад ме потсетува на крилја од орел. А тоа што е постојано сам и подготвен да нападне во секој момент е една од причините зошто го избрав ова животно. Сепак, како што реков, по пат повеќе го откривме Селџук. Во исто време, идеите на мојата партнерка Назли Булут, како и динамиката со нејзиниот лик уште подобро го идентификуваа Селџук, вели Текин.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин
фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

Она што е интересно е дека тој потекнува од многу моќно семејство а за Азра.ба открива и како е да се биде син на Шевал Сем и Метин Текин.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин
фото инстаграм/ Тарик Емир Текин
фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

– Се чувствувам одлично, затоа што и тие се луѓе кои со својот талент постигнале нешто во животот со своите индивидуални таленти и колку што знам никогаш не ги преминале границите. Тие се луѓе кои не се промениле за никаква корист или добивка. Затоа тие се одличен пример за мене. Тоа ми дава голема мотивација да го користам сопствениот талент, никогаш не ме ограничуваа. Секогаш ми даваа слобода и бескраен простор да се изразам. Мислам дека и тоа произлегува од нивните сопствени искуства.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

Тој, исто така, откри нешто за неговите години во Оксфорд.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

– Тоа беа одлични години. Работата во која сум најмногу заљубен имав можност да ја доживеам на најубавото место. Никогаш не размислував да глумам само поради кариера. Глумата е всушност дефиниција за мојот лик. Така постојам. Меѓутоа, за мене образованието не е завршено. Кога ќе го фатам вистинскиот момент, планирам да се вратам и да се образувам повеќе, истакнува актерот.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

– Таму работев малку, а повеќе бев посветен на театарот. Во Шкотска, на пример, глумев во мјузикл. Мислам дека ќе продолжам таму. Јас сум човек кој живее како номад, не можам долго да останам на истото место. Кога ќе отидам таму пак ќе си ја пробам среќата, но многу сакам да глумам на мајчин јазик. Живеев во Англија осум години и се школував на англиски осум години. Бидејќи фонетската хемија, начинот на кој луѓето се изразуваат и го користат говорот на телото се сосема поинакви, почнав да се прашувам дали можеби се оддалечив од турскиот јазик и сакав да дојдам и да глумам овде на мојот мајчин јазик, вели младиот актер.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин
фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

Освен што сака да глуми тој во слободното време се релаксира со музика.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

– Навистина уживам да свирам на пијано и да сликам. Всушност, многу ме интересираат сите гранки на уметноста и сакам слободното време да го поминувам така што одвојувам време за вакви активности, заклучува Тарик.

фото инстаграм/ Тарик Емир Текин
фото инстаграм/ Тарик Емир Текин
фото инстаграм/ Тарик Емир Текин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close