Кафе муабет
НИКОГАШ НЕ ЗБОРУВА ЗА НЕЈЗИНОТО ПОТЕКЛО: Нема да верувате на која ИСТОРИСКА ЛИЧНОСТ е потомок познатата пејачка Сенидах?
Не сака да открива многу во јавноста...
Познатата пејачка Сенида Хајдарпашиќ, која се прослави како Сенидах, е музичка ѕвезда од Словенија која го освои регионот со својот специфичен изглед и вокал.
Таа во моментов е една од најпознатите изведувачи од овие простори токму поради нејзината автентичност.
Родена е во Љубљана, а нејзините родители се од Црна Гора.
– Се дружам со луѓе чии родители се од различни делови на Југославија. Моите се од Црна Гора, одев таму два пати годишно – изјави Сенида, која ретко зборува за својата приватност и потекло.
– Се трудам да избегнувам интервјуа и комуникација со медиумите. Моите блиски луѓе ја знаат мојата приказна, на другите им раскажувам за сè преку музика – изјави еднаш пејачката.
Семејството Хајдарпашиќ потекнува од Бихор од околината на Бијело Поље.
Според медиумите, нивниот предок е Хајдар-паша Селим. Дошол во Бихор со султанскиот берат во 1689 година со двесте коњаници и 1.600. сејмена пешадија. Роден е во Ајвалук, Анадолија. Тој имал задача да ги задуши честите побуни на Србите на таа територија. Потомците на Хајдар Паша се доста бројни и ги има низ цела Црна Гора, Србија, Босна, а многу од нив се преселиле во Турција.
Сенида (34) на музичката сцена се појави во 2010 година со синглот „Пустина“. Долго време и требаше да постигне успех бидејќи „трап“ музиката на овие простори не беше толку популарна. Голем успех доживува дури во 2018 година, кога ќе се појави нејзиниот хит „Слаѓана“, а потоа и албумот „Без тебе“, како и последниот голем хит „Мускули“.
Инаку таа не сака да изгледа акко и сите останати, па така Сенида не е класична слаба девојка, но изгледа одлично и нејзините облини одлично и стојат, а оваа фотографија собра бројни комплименти и лајкови.
Таа гордо споделува фотографии во костим за капење, а од она што може да се заклучи, таа не користи никаков филтер за разубавување, па е сосема природна. Со овој потег предизвика низа коментари воглавно восхитувачки..
„Вака изгледа вистинска жена“, „подобро да љуља отколку да жуља“, „најприродна и најубава жена“, „колку си убава“ – ова се само дел од коментарите кои следеа по објавата.
Сенида е се попопуларна на Балканот и таа дефинитивно е една од оние sвезди кои ги поместуваат границите кога станува збор за стилот и женската убавина.
И покрај фактот дека таа е сосема поинаква од сите оние познати убавици, публиката ја обожава и ја смета за олицетворение на сексапил и фаталност.