Uncategorized
Ана Севиќ му роди син на сопругот и доби подарок од 50.000 евра: Целото семејство ќе ужива
И ја исполн најголемата желба...
Пејачката Ана Севиќ на 3 март стана мајка по трет пат. По две девојчиња таа го роди синот на кого му го дадоа името Симеон.
Гордиот татко Даниел ја почести ни помалку ни повеќе туку базен во домот.
„Ана отсекогаш сакала да има спа центар во својот дом, а Даниел пред да се породи почнал да работи на луксузниот стан во Врачар. Се трудел да заврши се додека Ана не излезе од болница, а се проценува дека за тој луксуз дал речиси 50.000 евра. Ова лето Ана со ќерките и синот ќе може да ужива во приватноста на својот дом на базен, што многу и значи бидејќи Симеон ќе биде мал за некои подалечни дестинации“, открил извор близок до пејачката.
Ана пред неколку дена го напушти породилиштето со синот, па сега повторно се заедно.
„Прекрасно сум, прекрасно, најубаво. Бебето е одлично, се вика Симеон“, кратко изјавила Ана, која по излегувањето од породилиште ја пречекал сопругот.
Инаку, Ана и Даниел станаа родители на ќерката Сена во декември 2020 година, а со пејачот Дарко Лазиќ пејачката ја има ќерката Лорена.
Луксузен дом
И претходно зборувавме за домот на Ана кој го уреди по свој вкус, а очигледно се грижела за секој детал. Судејќи по нејзините фотографии на Инстаграм – станот е опремен по најнови стандарди.
Интересните парчиња мебел, како необичната полица под телевизорот, и интересните уметнички слики на ѕидовите, прават нивниот дом да изгледа светски.
Колку е среќна и задоволна од животот можеме да видиме и од фотографиите каде блеска покрај своите најмили.