Кафе муабет
Се запознаа на Фејсбук, започнаа врска и заедно се повеќе од една деценија- Ова е необичната љубовна приказна на пејачката Ивана Селаков
Само еднаш раскинале...
Пејачката Ивана Селаков повеќе од една деценија е во врска со својот партнер Пеџа Мирковиќ, со кој во 2018 година добија ќерка, на која и го дадоа името Круна.
Сепак, ретко кој знае како започна нивната љубов, а Ивана одамна раскажа како Пеџа ја освоил.
-Додека јас живеев на едниот крај од градот како потстанар, а тој на другиот, ми понуди да зготви тестенини и да ми ги донесе на мотоцикл што тој го возеше во тоа време – ја започна приказната Ивана за нивните почетоци.
– Сè се врти околу храната… На тој мотор стави паста Карбонара, извозе дваесетина километри за да ми даде храна и тоа ми беше многу импресивно. Даде се од себе – открила тогаш таа.
Интересен податок за овој пар е тоа што тие се запознале во 2008 година благодарение на социјалната мрежа Фејсбук.
За време на долгогодишната врска тие раскинаа само еднаш.
– Имавме само една пауза од еден месец. Тогаш на двајцата не ни беше гајле. Се преправавме дека сме само силни и дека бевме одлично без другиот, а всушност не беше така. Решивме да се смириме и такво нешто не ни падна на памет повторно- изјави Ивана пред неколку години.
Тие двајца функционираат како да се во брак, иако никогаш не биле во брак, а таа хартија очигледно не им треба.
Беше во војна со Аца Лукас
Некогашните големи пријатели и соработници Ивана Селаков и Аца Лукас завојуваа.
Дека пукнало пријателстовот измеѓу нив, тогаш објави пејачката на својот Инстаграм профил. Проблемот,како што таа објаснила настанал околку нивниот најнов дует „Сватови“, инаку песната е на Лукас од 1996 година, бидејќи пејачот и неговиот тим на соработници наводно не го испочитувале договорот кој го имале.
За деталите не сакала да пишува, но нагласила дека наскоро повторно ќе се огласи и ќе објасни за што точно станува збор. Поради проблемот кој настанал и спотот беше повлечен од јутјб по само 24 часа откако беше објавен.
– Сите вие кои ја следите мојата работа со години знаете колку работа и енергија вложувам во секоја песна и колку се трудам да одам со срце и да го дадам најдоброто на вас како публика. За жал вчера како пејач бев изневерена и морално и материјално од страна на дует-соработник на песната „Сватови“. Целата идеја на прокетот беше моја, како и вложениот труд околу реализацијата на песната и право од авторот на новата верзија. Поради големата непрофесионалност од друга страна, спотот се повлекува од Јутјуб, но наскоро ќе ви објавам нова верзија на оваа преубава песна. Фала што сте покрај мене сите овие години, Ве сака Ивана, напишала пејачката во својата објава.
Ивана не се јавувала на телефонските повици од новинарите, додека Лукас за српскиот Курир порачал дека нема коментар за целата ситуација.
Продуцентот на Лукас Саша Мирковиќ тврди дека Ивана била единствениот виновник за овој проблем бидејќи не го испочитувала финасискиот договор кој го имале, а според тврдењата за споменатиот медиум, во прашање се 21.000 евра.
– Ние неколку дуети со пораншениот бек вокал имаме направено, тоа секогаш било обострано задоволство. Беше договорена финасиска надохнада која не е извршена од нејзиниот тим, па моравме да го запреме спотот. Александар ќе продолжи и понатаму да ја пее песната која е стара речиси 30 години, која тој ја изведува. Можам да ја разберам и нејзината реакција, не би зборувал кој е тука преварант, порачал Мирковиќ.