Кафе муабет
СЕ СМИРИЈА ДУШКО И ЈЕЛЕНА: Снимени заедно во Белград- еве што прават во семејниот дом!
Дадоа уште една шанса на љубовта...
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ изминатиов период беа во центарот на вниманието, а по разни шпекулации беше откриено каде живее фудбалскиот менаџер.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, по турбулентниот период и конфликт што се случи за Божиќ, успеаја да најдат заеднички јазик и, веројатно, да и дадат уште една шанса на нарушената врска.
Многумина посакаа крај на нивната љубовна приказна која трае цели 13 години, а сега конечно е откриено дали се се вратило во нормала.
Судејќи по фактот дека Јелена за Денот на вљубените на социјалните мрежи се пофали со розите кои ги добила, а многумина тоа го протолкуваа како гест на нејзиниот сопруг најверојатно парот е повторно заедно.
Исто така, откако му истече забраната на Душко за приближување кон сопругата, која траеше еден месец и по враќањето од Турција, екипата на емисијата „Папарацо лов“ „улови“ каде се движи поранешниот фудбалер и дали живее со сопругата и нивните ќерките Атина и Ника..
Имено, камерите на споменатата емисија го снимиле Душко пред семејниот дом како влегува во гаражата вечерта, а од тоа произлегува заклучокот дека тој се уште живее со сопругата Јелена Карлеуша.
Веќе нема сомнеж дека парот решил да поработи на несогласувањата, а Душко се враќа дома кај сопругата Јелена.
Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото подолу.
Јелена ја негираше врската на Душко со малата Софија…
Бракот на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ е на стаклени нозе откако поп дивата на Божиќ го пријавила сопругот за семејно насилство бидејќи наводно ја удрил.
Медиумите постојано пишуваат за нивниот живот, а неодамна се појави приказна дека спортистот наводно си нашол нова љубов, па го поврзаа со ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Сашиќ, Софија Сашиќ.
После долго време конечно се огласи и Карлеуша која рече дека е шокирана од тврдењата дека нејзиниот сопруг бил во тајна врска со Софија:
– Секако, апсолутна лага е дека Душко е во каква било врска со малата Софија Шашиќ, која многу добро ја познавам, имам одличен однос со неа, нејзината мајка Соња, таткото Жељко и овие болни гадости, без никакви докази, многу ги повредија сите – напиша поп дивата на својот Инстаграм.
По неколку дена и самата Софија реагираше на написите и истакна дека поднела тужба.
– Сите тужби се поднесени, така што нема потреба од дополнителен коментар. Ако сакате да напишете нешто за мене, мојата работа и брендот, јас сум секогаш тука – истакна накратко Софија.
За потсетување, во јавноста појави веста дека наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.