Кафе муабет
Таа му ја врати насмевката: По разводот со Северина, Игор ги спакува куферите и замина- еве со која убавица го поминува времето!
Замина кај својата сестра...
Разводот на Северина и Игор Којиќ се случи во тајност, без медиумско внимание.
Поранешните сопружници никогаш не го коментираа тоа во јавноста, како и нивните членови на семејството и пријателите. Сите продолжија по својот пат.
Според пишувањата на медиумите, бракот завршил во август минатата година. Оттогаш Северина и се посвети на кариерата и дружењето со најблиските, а судејќи по фотографиите на социјалните мрежи и Игор е во добро друштво.
Тој замина во Америка и моментално го поминува времето со својата сестра Наташа. Дека фантастично си поминуваат сведочат објавите на нејзиниот профил.
Потсетуваме, Наташа Којиќ пејачката кариера ја започна во Србија, а по завршувањето на студиите на Музичката академија доби стипендија на познатиот универзитет Беркли.
Инаку Наташа Којиќ -Таша со години наназад живее во Америка каде исто така се занимава со музика.
Таа е многу активна на Инстаграм каде редовно ги споделува своите фотографии на кои јасно се гледа дека доста се променила од почетокот на кариерата.
Имено, таа го променила целиот свој живот од корен, но и физички изглед.
Покрај тоа, многу коментираат дека таа своите фотографии додатно ги преуредува по пат на фотошоп, што ја доведува до непрепознатливост.
Инаку , Наташа неодамна беше дел од снимањето на еден филм, па се пофали веднаш на Инстаграм за новиот ангажман.
Локацијата е ни помалку ни повеќе, туку затвор.
Наташа со години живее и работи во Америка, примарно создавајќи музика за филм, но исто така се занимава и со глума.
Таа завршила во зат вор, иако нејзината насмевка на лицето зборува дека тоа ни малку не и пречи.
По фотографиите на Наташа можеме да сфатиме дека навистина и годи Америка, насмевката на нејзиното лице ја опишува нејзината среќа. Навистина таа живее живот како во бајка.
Погледнете уште неколку атрактивни фотографии од ќерката на Драган Којиќ – Кеба која имаме реткост да ја видиме покрај нејзиниот татко.