Дом и семејство

РАНА КОЈА СЕ УШТЕ КРВАРИ: Стефан Живојиновиќ прозборе за киднaпирaњeтo- мислев тоа ми се последните денови!

Настанот кој остави траума во семејството...

Киднапирањето на постариот син на Брена и Боба, Стефан Живојиновиќ се случило во 2000 година, но тој и денес не ја заборавил оваа страшна животна траума.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Брена и Боба најтешкиот настан во животот го доживеаја во ноември 2000 година. Нивниот осумгодишен син Стефан бил киднапиран пред семејната куќа на Бежанијска коса.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Семејството со години не зборуваше за деталите од страшниот настан во јавноста, а киднапирањето на Стефан Живојиновиќ повторно се актуелизираше, кога Брена конечно имаше сила да проговори за оваа рана која се уште крвари.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

– Ни рекоа дека Стефан може да го купиме на два начина, жив за 2.500.000 тогашни германски марки или мртов за пет милиони. Рекоа и дека во случај на друга можност ќе ни испратат дел по дел од телото на Стефан… Ништо пострашно или поболно не ми се случило во целиот мој живот. Мислев дека ќе полудам и никогаш повеќе нема да бидам нормална личност. Му се молев на Бога да ми ја спаси психата. Се молев за сите нас, но пред се моето дете да нема психолошки последици – изјави таа за „Информер“.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

– Не сакам да навлегувам во детали бидејќи тоа е приказна која нема крај. Таа рана е зашиена. Добро сошиена, нема да пукне и да крвари. Но, сепак кај сите нас постои душевна болка за која нема лек. Во денешната медицина можете да го промените срцето, коленото, да отстраните згрутчување на крвта, да го оперирате мозокот… Но кога психата е нарушена, многу е тешко да се вратите во нормала.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

За ова искуство пред неколку години проговори и синот на Лепа Брена кој откри дека и покрај тоа што бил мал бил свесен што му се случило:

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

-Се плашев дека тоа ќе ми бидат последните денови од животот. Имав само осум години, но бев многу свесен за опасноста. Чувствував неопислив страв. Таму каде што си, не знаеш што ќе се случи. Во еден момент само се помирив со ситуацијата, бидејќи сфатив дека ништо не можам да направам. Како и да е, научив една важна лекција од тоа страшно искуство, научив да го ценам секој ден и се трудам да го искористам максимумот, бидејќи никогаш не знам кој ќе ми биде последен. Генерално, ја надминав траумата, иако сите ние во семејството сè уште имаме некои стравови во срцето – изјавил Стефан за медиумите пред неколку години, а пренесува „Информер“.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

– Колку е потежок вашиот пат, толку посилни ќе бидете! Глупаво ми е да го кажам тоа, кога животот ми беше главно мед и млеко, а киднапирањето е мојата најголема траума. Сепак, не сум јас виновен што сум се родил како син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ… Нема да ме паметат само по киднапирањето, туку по гласот, песните…

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Стефан Живојиновиќ е една од темите што особено ја интригира јавноста.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Неодамна почнаа да се појавуваат разни шпекулации дека пејачката веќе не е во добри односи со синот, па Брена сега реши да се огласи во оваа прилика и да објасни дека во нејзиното семејство се е во ред.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

За Стефан одамна не сме слушнале ништо во јавноста, дали бевте тажни што тој повеќе не се занимава со музика?

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

– Ја поддржавме неговата одлука повеќе да не се бави со музика. Ако сме способни да ги прифатиме одлуките на другите луѓе, зошто не би можеле да ги прифатиме одлуките на нашите деца. Важно ми е нашите деца да се среќни, а што ќе направат е прашање на нивниот избор, кој јас и Боба секогаш го поддржуваме – изјави Лепа Брена за „Стори“.

фото инстаграм/Лепа Брена

На прашањето зошто Стефан не се појавил на нејзината роденденска забава, дали е тоа како што се шпекулираше поради некое недоразбирање, таа вели:

фото инстаграм/Лепа Брена

– Со Стефан се е во најдобар ред, тој сега работи друга работа. Не се појавува на поголеми собири на луѓе за да не се зарази со корона. Тоа е единствената приказна што е релевантна. Се гледаме дома и се дружиме, сосема нормално – вели Брена.

фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close