Кафе муабет
Петар Грашо за Хана: Бев нејзин омилен пејач, дури и писменца ми пишуваше, се уште ги чувам
Од детска љубов до исполнета желба...
Петар Грашо и Хана Хуљиќ минатиот викенд го кажаа судбоносното „да“ а медиумите не престануваат да пишуваат за свадбата на годината.
Свеченоста се одржа во црквата во Сплит, а подоцна продолжија со прославата во ресторанот кој некогаш бил во сопственост на таткото на Грашо.
Иако се обидоа да ја сокријат локацијата за венчавка од медиумите, припадниците на седмата сила сепак ги чекале пред црквата, а потоа и пред ресторанот. На прашањето како започна нивната љубов, во изјава за Прва тв Грашо изјави дека и бил омилен пејач на Хана.
Кога беше мала, ми праќаше некои мали писменца со детски ракопис, се уште ги чувам..
На прашањето на новинарте како се чувствува по црквеното венчање, тој кратко одговори: Како маж!
На социјалните мрежи кружат фотографии од свадбата, а кумот на Грашо, Дино Раѓа (54), на Инстаграм објави серија фотографии од забавата и предизвика лавина коментари.
Веднаш почнаа да се редат честитки, но се разви дискусија за Данијела Мартиновиќ (50) со која Грашо беше во врска 25 години.
„Најмногу ми е жал за кутрата Даниела“, напиша таа, а Дино спремно одговори:
– Зошто ти е жал, па таа го остави? – напиша тој и дискусијата продолжи во коментарите.
Многумина ги дадоа своите теории за причините за раскинувањето на нивната врска и на крајот заклучија:
– За да осудиш треба да знаеш многу, а ние не знаеме ништо.
Друга придружничка која не била воодушевена од венчавката решила наместо Хана и Грашо да ги пофали Дино и неговата сопруга Викторија (44).
-Ти и Вики за мене сте сто пати подобра двојка – напиша таа, а Дино повторно имаше подготвен одговор:-Тие се одличен пар – одговори долгогодишниот пријател на Грашо.
По раскинувањето на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, кој сега е во брак со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ, многумина се сетија на интимното интервју кое пејачката го даде за хрватските медиуми, а кое сè уште ги тресе сите жени кои се борат за потомство.
Данијела беше во емотивна врска со Грашо 24 години и никогаш не криела дека се надевала на заеднички деца, што не се случило.
Како што еднаш истакна, не и е лесно што медиумите, бидејќи е јавна личност, се занимаваат со оваа тема.
-Мајчинството ми е доста тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш таквите наслови за моето неостварено мајчинство звучат и изгледаат толку едноставно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека ќе останеш засекогаш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да му кажам се од прво лице еднина – изјавила Даниела за Јутарњи пред неколку години.