Кафе муабет
Амар Гиле сподели убави вести, фановите воодушевени- честитки добива од сите страни!
Пејачот има нов хит...
Пејачот Амар Гиле ги воодушеви љубителите на својата музика и објави нова песна „Стари ја“, а судејќи по првите реакции, таа е вистински хит.
Текстот на песната го напиша Билјана Спасиќ, која досега има напишано голем број хитови, а музиката е на Марко Цветковиќ.
– Драги мои, ви претставувам нова песна и спот. Вложивме многу труд и сила, се надеваме дека ќе ви се допадне – напиша Амар на популарната социјална мрежа Instagram.
Од друга страна, песната за брзо време доби бројни прегледи а дел од коментарите гласеа:
„Каква комбинација од нежност, сила, романтика, гласовна моќ – одличен спот.“, „Амар Гиле исчезнува… Но кога ќе смисли нова песна, како да бил секогаш присутен. Браво за песната .
За потсетување, пејачот Амар Гиле Јашарспахиќ, пред извесно време ги сумираше своите впечатоци, 2021 година не беше добра на деловен план, но приватно беше повеќе од успешна, па можеше целосно да му се посвети на семејството.
– И беше добра и не беше … Ми одговараше затоа што поминував повеќе време со семејството, со син ми, затоа што ми недостигаше додека работев, бидејќи не можев да спојам два дена за да бидам со него. Сега бевме заедно 15 дена, го однесов на скијање, но настрадавме што се однесува до финансиската состојба. Еве ја 2022. Му се молам на Господ да биде подобра, јас работев. Но, да речеме дека беше убава, бидејќи ништо не може да го замени семејството, ниту парите, најдобро е да бидете со нив и да се сакате – изјави пејачот.
По разводот, Гиле ужива во љубовта со својата избраничка, а како што откри има сериозни планови, па не е чудно доколку следната година повторно стапне на лудиот камен.
– Планирав нешто, но нека остане тајна, нема да кажам ништо, никогаш не знаеш што може да се случи, но имам планирано нешто посериозно, а кога ќе се случи не знам уште. Се уште сум во врска, се сакаме – вели пејачот.
Инаку пејачот ги шокираше фановите кога откри дека бил во врска со мажени жени.
Гиле Јашарспахиќ е познат по бурниот љубовен живот, а сега ги шокираше сите со својата изјава кога откри со какви жени до сега бил.
Тој призна дека имал афера со мажени жени но дека никогаш не бил фатен „на дело“.
“Имаше се во мојот живот, бев со мажени жени, но нивните сопрузи не ме бркаа. Внимавав. Знам да чувам тајни, а паметен сум како партнер”, изјавил пејачот за Информер.
Имам нова девојка со која сум во врска некое време, откри Гиле непосредно пред Нова година.