Кафе муабет

Низок удар за Данијела Мартиновиќ: Хана до последен детал ја испланира свадбата- еден потег многу ќе ја заболи поранешната на Грашо

Се е подготвено за свадба...

Хана Хуљиќ и Данијела Мартиновиќ несомнено имаат ист вкус, со оглед на тоа што Петар Грашо и ги освои срцата на двете пејачки.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Меѓутоа, сега убавите Хрватки делат уште една страст, а медиумите не престануваат да шпекулираат дали се работи за случајност или Хана и зададе низок удар на Данијела.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Две и пол децениската романса меѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ стана само спомен на нивните верни обожаватели.

Фото: Мarko Prpic/PIXSELL

Петар Грашо наскоро ќе застане на лудиот камен и пред олтарот ќе и каже Да, на петнаесет години помладата Хана Хуљиќ, со која го чека своето прво дете.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Ќерката на Тончи Хуљиќ веќе почнала да го планира најважниот ден во животот, а веќе избрала и венчаница. Сон на секоја млада жена е венчаницата да и стои одлично и да е токму по нејзин вкус, но Хана Хуљиќ и Данијела Матиновиќ се чини дека првпат имаат слични вкусови, поради што изборот на Хана предизвика бура во регионот.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Имено, како што пишува 24сата.хр, Хана Хуљиќ избрала венчаница од сплитска марка чие заштитно лице е никој друг туку Даниела. Дали е ова само случајност или низок удар, се прашуваат фановите. Сепак, среќната невеста не крие дека е воодушевена од изборот и игнорирајќи ги озборувањата, продолжува да ја планира својата венчавка.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Од друга страна, Даниела реши да продолжи понатаму, па за „Ин магазин“ откри дека многу ја сака слободата:

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Многу необично искуство, учам да летам. „Слобода“ е збор што многу го сакам и кој е повеќедимензионален. Мислам дека најважно е тоа чувство на слобода во нас самите. Се стремев кон својата слобода во себе, што значи да бидам вистински верна на себе во сè.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

По веста во медиумите дека Данијела Мартиновиќ и пејачот Петар Грашо раскинале по долгата врска која траеше речиси 25 години, многумина се изненадија што тој набрзо започнал љубовна врска со ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Петар Грашо и Хана Хуљиќ од првиот ден не се криеја од љубопитните погледи, а уметникот брзо ја запозна со најблиските пријатели и соработници. Меѓутоа, откако беше откриено дека се забавуваат, двајцата не сакаа да даваат никакви изјави во медиумите.

Фото нстаграм/Хана Хулиќ

Грашо неодамна за хрватските медиуми проговори за својата врска, а ги откри и деталите од врската со Хана.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добра и ние сме среќни – изјави пејачот во емисијата „Инмагазин“.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Некако научив дека, бидејќи многу го кријам приватниот живот, вниманието на јавноста е се поголемо. Но, морам да бидам искрен дека бев малку изненаден од креативноста на одредени медиуми во смислувањето различни и разновидни форми на вести. Ние ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат мирни но и задоволни – заврши Петар Грашо во споменатата емисија.

Фото инстаграм/Петар Грашо

Инаку свадбата на Грашо и Хана веќе го доби епитетот „свадба на годината“ а наводно ќе се случи во Сплит на 19 февруари.

фото стори.рс

Познато е и дека кума на младата пејачка ќе биде нејзината колешка и долгогодишна најдобра пријателка Доменика Жувела, а се шпекулира дека придружба на Грашо ќе биде и неговиот долгогодишен близок пријател Дино Раѓа бидејќи Грашо му бил кум на неговата свадба со Викторија.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Идната кума не ја крие радоста што нејзината пријателка се мажи, а потврди дека едвај ја чека свадбата.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

– Апсолутно сум подготвена и секако, навистина се радувам за тоа, изјави Доменика.

Таа објасни и како Хана ја избрала за кума.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

-Пред некој ден само разговаравме за тоа и сфативме дека никогаш ’официјално’ не сме се договориле, но кога си толку близок со некого, а таа ми е како вистинска сестра, тогаш тоа доаѓа природно и некако се подразбира. Јас и Хана не мора да разговараме, доволно е само да се погледнеме и знам дека во тој момент и двете знаеме што мислиме“, изјави Доменика во интервју за Дневник.хр.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Инаку Хана Хуљиќ, девојката на Петар Грашо е во четвртиот месец од бременоста. Иако Грашо, но и семејството Хуљиќ не објавуваат многу околу среќни вести, јавноста никогаш не била толку заинтересирана за нивниот приватен живот.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close