Кафе муабет
Ако барате совршен маж, тој е роден во овој хороскопски знак- не изневерува, сака чиста и вистинска љубов!
Раковите креираат своја љубовна бајка...
Ако сакате да доживеете вистинска љубов тогаш барајте маж роден во овој знак.
Тој ја смета љубовта за најмоќната сила во универзумот и тој е најдобриот, највештиот управител на таа магична сила. Неговиот најголем подарок е срцето – сака дури и кога сите други се откажуваат, затоа што гледа и мал сончев зрак кој му кажува дека има светлина зад темнината.
Рак
Раковите постојано се критикувани поради нивното променливо и често мрачно расположение, но важно е да знаете дека драгиот Рак чувствува се. Комуникацијата е клучна доколку сакате да избегнете недоразбирања кои би можеле да доведат до романтична нерамнотежа.
Еден сладок збор или внимателен гест ќе го лансира во орбитата кон ѕвездите, а непромислениот коментар или непотребното незнаење ќе го фрли во вртлог од темни сомнежи и преиспитувања како: „Што направив за да го заслужам ова?“
Од време на време може да бидете збунети од неговата способност да биде подеднакво срамежлив и храбар во исто време.
Потребно е чудо за вистинскиот Рак да се ослободи од стврдната обвивка што ги штити неговите необработени емоции.
Иако сака да биде спонтан, Ракот мрази краткорочни авантури бидејќи се чува како подарок за посебна личност.
Ракот е често креативен и секогаш експресивен. Внимателноста го карактеризира неговиот стил во врските, штом ќе ве внесе во своето срце, секогаш сте први во неговиот ум.
Ќе ви даде се што има, а за возврат е потребно многу малку за да биде среќен. Доволно е да се чувствува почитувано и безбедно меѓу луѓето што ги сака.
Неговата партнерка треба да биде чувствителна. Тој не бара од вас да му ги залечите раните од минатото, само треба да знаете колку му е важно да може да ви верува бидејќи ќе ви го даде целото свое срце.
Неговото минато е проткаено со недостојни љубовници, само затоа што сè уште не научил колку е неверојатен човек.
Неговиот најголем подарок е срцето – сака дури и кога сите други се откажуваат.
Она што го бара е стабилност, иако живее за авантура!
Тој сака да игра, истражува и копа низ непознатото со некој за кој е убеден дека ќе биде неговата безбедносна мрежа доколку доживее несреќа.
За својата идна среќа во љубовта, тој сака личност со која се чувствува удобно во сопствената кожа, личност со која може да расте.
Ракот ќе ви даде сè што можете да посакате во врската, тој отсекогаш верувал дека бајките се реални и дека двајца луѓе можат да живеат среќно до крајот на животот.
Неговата љубов е чиста, вистинска и 100 отсто оригинална.
Храбрата душа која е подготвена да си дозволи да биде сакана од големото срце на Ракот, може да види чудо невидливо за другите. И тогаш двајцата ќе уживаат во еуфоричниот сјај што зрачи од оние кои ја разбираат вредноста на пишувањето на сопствената бајка.