Кафе муабет

Богдан се огласи по раскинувањето: Еве со која девојка ја замени Цеца- не ја трга насмевката од лицето!

Богдан ужива во друштво на својата ќерка...

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ ја прекинаа емотивната врска по една година.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Тие двајца решија да стават точка на романсата, а за причините не сакаа да зборуваат.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

И додека пејачката со пријателите уживаше во деновите на Малдиви, Богдан времето го поминуваше на Златибор.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Богдан не се огласи по повод раскинувањето, но на својата Инстаграм стори објави фотографија со ќерката која ја доби од врската со манекенката Зорана Тасовац.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

После тоа тој сподели уште едно видео на кое се фотографира со преслаткото девојченце додека се шетаат и за тоа време не ја симнуваше насмевката од лицето. Нема сомнеж дека моментално најмногу ужива да поминува време со својата сакана.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

„О, добар ден млада госпоѓо“, рече Богдан со нежен глас, а девојката испрати бакнеж до камерата.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Инаку, Цеца за време на нивната врска многу ја засака малата Искра, па често поминуваше време со неа, а неколку пати и сподели фотографии со неа на својот профил.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

За потсетување, Цеца и Богдан почнаа да живеат заедно, во нејзината вила во Љутиче Богдана, неколку месеци откако ја започнаа својата романса.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Секој слободен момент двајцата го користеа за да одат на заеднички патувања, но нивната база беше во Белград, во куќата на Цеца.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Меѓутоа, кога љубовта згасна и решија да раскинат, Срејовиќ ги спакува куферите и се исели од домот на пејачката.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Тоа се случи неколку дена пред Цеца и нејзините пријатели да заминат на одмор на Малдиви.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето што се случи, туку единствено што сакаа беше да ги потврдат овие наводи:

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Цеца отворено ја коментираше нивната врска пред неколку недели.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Тешко е сега нешто да ме промени, бидејќи јас сум формирана личност, а и тој. Нашата врска се заснова на љубов, доверба и компромис, бидејќи без компромис не може, нема еднонасочна улица. Јас сум зрела, стабилна личност, и тој е таков и не ни е тешко да функционираме. Тој многу добро знае со кого е во врска, знае и што сакам, а јас знам што тој сака и многу сум среќна. Смирена сум, среќна и задоволна, а тој мир нема цена – изјави тогаш за „Пинк“.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close