Дом и семејство
Еве какво образование имаат Новак и Јелена Ѓоковиќ: Многумина ќе се изненадат!
Новак уште од мал е посветен на тенисот...
Не случајно Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во светот. Тој уште на свои седум години во интервју за РТС1 изјави дека целта му е да биде тениски шампион.
Новак учеше во основното училиште „Бора Станковиќ“ во белградската населба Бањица. На 12 години почнал да ја посетува тениската академија на Никола Пилиќ. Бидејќи како тинејџер почнал да победува на тениски турнири, а на 16 години бил професионален тенисер, не посетувал редовно средно училиште, туку одел само на полагања.
Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила:
„Ова е најголемиот талент кој сум го видела по Моника Селеш“.
На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европското првенство во поединечна, дубл и тимска конкуренција.
Таткото на Новак, Срѓан бил скијач, а мајката на Новак, Дијана е дипломец на ДИФ.
Ноле има двајца помали браќа, Марко, роден 1991 година и Ѓорѓе, роден 1995 година. Браќата професионално се занимаваат со тенис.
Сопругата Јелена ја запознал преку заеднички пријатели. Се занимавала со спорт и посетувала спортска гимназија, посериозно тренирајќи атлетика.
Јелена подоцна дипломирала на Универзитетот во Милано, а откако почнала да работи во либиска нафтена компанија, докторирала менаџмент.
Иако важи за еден од најбогатите луѓе во Србја, сепак Новак Ѓоковиќ живее скромно и за него како татко најважно е децата да бидат воспитани онака како што е правилно. Новак не става акцент на материјалните нешта и живее како и сите останати.
Имено додека сите сметаа дека неговите деца ќе се школуваат во светски познати училишта со настава на англски јазик, сепак Новак и Јелена решија да се држат до корените.
Синот на светскиот тениски првак Новак Ѓоковиќ, Стефан Ѓоковиќ, го започна првото одделение во основно училиште, и иако се очекуваше дека ќе посетува настава на англиски јазик, тој посетува настава на српски јазик.
Најдобриот тенисер во светот и неговата сопруга, на изненадување на сите, ги запишаа своите наследници во приватно училиште во Србија на почетокот на годината, што ги негира наводите дека ќе продолжат да живеат во Марбела.
Наводно, Новак и Јелена сакале нивното првородено дете да се образува на ист начин како и тие двајца и тие успеале во таа намера.
Училиштата на странски јазик, како и школувањето дома, речиси и не беа земени предвид, бидејќи тие не сакаа да ги лишат децата од запознавање и дружење со деца на иста возраст и менталитет.
При изборот, за нив беше клучно дека наставната програма не ја попречува неговата креативност, туку го разгорува неговиот потенцијал и му дава можност да расте безгрижно и да стекне квалитетно знаење.
Она што е интересно е фактот дека училишните часови на Стефан не траат 45 минути, нема ѕвонче, а наставниците се фокусирани на критичко размислување и практична примена на знаењето кај децата. Исто така, синот на Новак Ѓоковиќ ќе научи сe за српската култура и историја, а наставниот кадар е одличен, објави Србија Данас.