Кафе муабет
Откриени сите детали за свадбата која ќе трае два дена: Оваа пејачка ќе ги весели гостите- Дарко Лазиќ веќе организирал се!
Парот не ја крие љубовта...
Парот од самиот старт не крие ништо од јавноста а сите новости ги споделуваат на социјалната мрежа Инстаграм, каде речиси секојдневно објавуваат и заеднички снимки и фотографии.
Пејачот постојано истакнуваше дека Барбара е вистинската девојка за него и дека ќе се ожени со неа, а пред неколку недели јавноста остана збунета кога станува збор за нивниот статус.
Дарко Лазиќ и неговата партнерка Барбара Бобак неодамна беа во Америка на заедничка турнеја кога како бомба одекна веста за нивната свршувачка, за која велат дека дошла сосема природно и очекувано.
– Едноставно се најдовме и живееме заедно, се сакаме, мислам дека е сосема природно да продолжиме со венчавка, па деца, па полека – изјавил пејачот за Гранд онлајн, а Барбара откри дали ја очекувала веридбата.
– Секако дека очекував, зошто би се преселила. Не реагирав, не беше грандиозно затоа што не ми се допаѓа тоа. Само се молев на Бога да нема клекнување и некоја глупост, очекував но не се изненадив – искрен е избраникот на Дарко.
Љубовниот живот на пејачот отсекогаш ја интригирал јавноста, а многу се шпекулира и за врската на Барбара со неговата мајка. Сепак, Дарко реши еднаш засекогаш да стави крај на овие шпекулации.
– Искрено, знаеш колку ми е гајле кој ја сака Барбара, таа ми се допаѓа најмногу на светот. Можеби јас не им се допаѓам на нејзините и таа на моите но не се замарам. Живеам со неа, се женам со неа, легнувам и се будам со неа, ми се допаѓа најмногу на свет и чао. На што треба да одговорам? Мене ми е важно што најмногу ми се допаѓа и тоа е тоа – беше јасен.
Идните сопружници не губат време и ја планираат венчавката во јуни на која ќе има над 800 гости.
Немаат дилема кога е пејачката во прашање која ќе ја разубави свадбата која ќе трае два дена…
– Венди. Нема да правам свадба без Венди, веќе и се јавивме. Таа е голем пријател, човек и душа. Една многу интелигентна личност која ја ценам и почитувам. Свадбата ќе биде во јуни, ако даде Господ.
-Го избравме тој термин бидејќи ќе биде убаво време и ќе може да се слави на отворено. Веселбата ќе бидат во текот на неделата, бидејќи ние пејачите работиме за викенди – вели Дарко и додава дека нивната свадба ќе трае два дена:
– Првиот ден ќе славиме во ресторанот, а следниот ден во шаторот пред кој ќе го испечеме волот. Еднаш се жени Дарко Лазиќ. Извинете, двапати – истакна фолкерот.