Кафе муабет
Откриена вистината: Еве каков однос имаат Филип Живојиновиќ и неговиот очув- мажот за кој се омажи неговата мајка после Боба!
Иво е како втор татко за Филип...
По разводот од Боба, мајката на Филип Живојиновиќ ја пронајде среќата во љубовта покрај поранешниот кошаркар Иво Накиќ.
Имено по колапсот на љубовта на Зорица и Слободан Живојиновиќ, нивниот син Филип остана нераскинлива врска не само меѓу нив двајца, туку и меѓу семејства. Имено, откако раскина со Зорица, Боба започна врска со Брена, а мајката на Филип Живојиновиќ набрзо потоа му го подари срцето на Иво Накиќ.
Мајката на Филип Живојиновиќ се омажи за Иво и со него се пресели во САД, му роди две деца, а Филип доби брат и сестра.
Додека Филип Живојиновиќ студирал во Америка, често го поминувал времето со Зорица и нејзиното семејство, а потоа Иво ја стекнал неговата целосна доверба. Ја сакаше својата мајка, беше приврзан за братот и сестра му и така Иво стана негов втор татко, подготвен да дава совети и поддршка во секоја прилика.
Она што е за восхит е односот што поранешните партнери, Боба и Зорица, успеаја да го изградат па Живојиновиќ и Накиќ често поминуваат време заедно за време на патувањата.
И додека едни велеа дека Брена наводно била причината за пропаѓањето на бракот на Зорица и Боба, други зборуваа за неа со почит, бидејќи таа секогаш била тука за Филип и го гледала буквално како да му е родена мајка.
Филип, синот на Боба и Зорица се ожени со пејачката Александра Пријовиќ во 2018 година, а снимките од венчавката покажаа дека поранешните партнери можат да им послужат како пример на другите во нивните врски.
Боба тогаш изјавил дека отсекогаш сакал ќерка и дека желбата сега му се исполнила додека Брена на социјалните мрежи јавно им ја честита свадбата.
Боба и Брена пред две години беа и на крштевката на синот на Филип, Александар, а Живојиновиќ и Накиќ често поминуваат време заедно на патувањата.
Јавноста често пати ја нарекува Пријовиќ, снаата на Лепа Брена, но тоа не е навистина така бидејќи Брена не е вистинска мајка на Филип.
Филип Живојиновиќ често објавува фотографии на Инстаграм со неговата мајка, која, како што вели, е неговата најголема и безусловна љубов.