Кафе муабет
Големата трагедија остави празнина во него: Драгана Мирковиќ загрижена за здравјето на нејзиниот сопруг!
По загубата на свекорот пејачката вели дека Тони сосема се променил...
Прославата во домот на една од најголемите фолк ѕвезди за време на празниците изостана, со оглед на тоа што нејзиниот сопруг е во длабока тага.
Имено, неодамна почина таткото на Тони Бијелиќ, а пејачката изјавила дека никогаш не го видела својот сопруг во толку лоша состојба.
Драгана пред се се плаши за здравјето на сопругот кој пред четири години имаше тешка операција на мозокот. Токму од здравствени причини, Тони останал со децата во Австрија, додека Драгана веќе еден месец е сама во Србија.
– Откако традиционално ја сними новогодишната програма за телевизијата ДМ, таа го објави долго најавуваниот дует со Аца Лукас. Драгана е семеен тип, одамна не е навикната да се разделува од Тони и децата, а штом не е со нив е многу загрижена. Таа едвај чека да им се придружи во нивниот замок во Австрија. Цел ден е во контакт со сопругот, постојано му се јавува да види дали е добро. Нејзиниот свекор починал пред шест месеци, а нејзиниот сопруг многу тешко го издржува тоа. Драгана му е најголемата поддршка и се труди да го одгледува заедно со децата, но сега не е со него. Толку е под стрес што годинава за прв пат не успеала ни да го украси замокот, а празниците ги чека како мало дете. Се плаши како стресот ќе влијае на здравјето на Тони, пред четири години му ја отстранија аневризмата на мозокот, тоа е многу тешка и критична операција, по која не смее да биде изложен на стрес. Таа во неколку наврати истакнувала дека ова е најлошиот период во нејзиниот живот – изјавил извор близок до пејачката.
– Човекот никогаш не е подготвен за такви работи. Се обидов да бидам негова карпа, но никогаш не сум го видела Тони толку тажен, никогаш толку скршен, таа слика засекогаш ќе остане врежана во моето сеќавање. Не стигнав ни да тагувам за тој човек, колку што се грижев за мојот Тони, искрено. Беше првпат заедно да доживееме таков удар. Потоа се обидов да го повлечам да се помрдне малку, бевме на одмор во Монте Карло, само да избегам од Австрија и да ги пренасочам мислите- изјави Драгана по загубата на свекорот.