Кафе муабет

БЛЕСКА ВО ОСМИОТ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА: Маја Беровиќ го откри полот на бебето!

Пејачката на необичен начин откри дека ќе роди момче...

Атрактивната пејачка Маја Беровиќ ситно брои до породувањето а на крајот на годината конечно ги израдува своите фанови и го откри полот на бебето.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Имено пејачката на необичен начин откри дека ќе роди момче.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Имено, музичката ѕвезда на својот Инстаграм сподели трогателно видео во кое се збогува со 2021 година и вели дека „среќата е на пат“.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

На видеото се прикажани емотивни моменти со нејзиниот сопруг Ален Драгосава, се гледа и ултразвук на бебето, но Маја го направи и популарно откривање на полот со балон полн со конфети.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Сината боја потврди дека Маја ќе роди момче во февруари.

Маја е пресреќна, се чувствува добро и едноставно блеска во бременоста што може да се забележи и по фотографијата што ја објави неодамна.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Судејќи по оваа фотографија, пејачката е презадоволна од бременоста, а на нејзиното лице се гледа сјајот карактеристичен за трудниците.

Пејачката го покажа трудничкото стомаче во пријатниот празничен амбиент во домот, со опис „Љубов за сите мои бебиња“.

Под фотографијата се редеа комплименти од обожавателите а фотографијата за неколку часа собра над 60.000 лајкови.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Бидејќи е во осмиот месец од бременоста, нејзиниот стомак беше во преден план, а некои обожаватели ја пофалија нејзината завидна фигура.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Беровиќ при последното телевизиско гостување истакна дека бебето сигурно нема да добие српско име.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Ќе оди на училиште и ќе живее во странство, па ќе му дадеме име кое ќе можат да го изговараат Германците – изјави пејачката во шоуто кај Огњен Амиџиќ.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

За потсетување, иако имаат недвижен имот во Белград, Маја и Ален со години живеат во Грац, а токму во овој австриски град, во тамошната престижна клиника, Беровиќ планира да се породи.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ


Инаку пејачката по 16 години врска, од кои 6 години брак со сопругот Ален Драгосава, ќе се реализира во улога на мајка.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Сите зборуваат за долгоочекуваната блажена состојба на пејачката, а во оваа прилика таа си ја отвори душата за тоа, па призна се за бременоста и плановите за бебето.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Како што можете да видите, се чувствувам бремено, ги броиме деновите. Отсекогаш ми било драго кога ќе слушнав дека некоја жена е бремена. Тоа не може да биде поубава вест. Со сопругот сме заедно 16 години – вели Маја и додава:

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Бремена сум од крајот на мај. Знам се точно, имав чувство од самиот почеток кога се случи. Се се случи во Дубаи, па бебето ќе се вика Хабиби. (се смее) Се шегувам, но момче е, важно ни е да одбереме светско име, бидејќи бебето ќе оди на училиште во Австрија. Презимето на бебето ќе биде Драгосав. Ќе смислиме и добро име – рече Маја.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Крајниот термин е 20 февруари. Кога сфатив дека ќе биде риба, ми олесна, бидејќи сум рак, ќе се разбереме. А тато е малку поогнен, лав е – заклучила Маја.

Маја и Ален се запознаа уште кога таа беше малолетна.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше со погледи бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човек кој доаѓа на моите настапи – изјави Маја, која е родена 1987 година во Илијач кај Сараево, а израснала во селото Малешичи, како и во Братунац.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close