Кафе муабет
Анастасија блесна на новогодишната ноќ – ги зaпали социјалните мрежи со „опacното“ дeкoлте!
Младата пејачка никогаш поатрактивна...
Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк-дивата Цеца Ражнатовќ веќе извесно време ги собира сите погледи со својот изглед.
Така беше и на новогодишната ноќ, кога се појави во модерно фустанче.
Имено, Анастасија на социјалната мрежа Инстаграм објави видео во кое покажа како изгледа, а се гледа дека пејачката блесна и овој пат.
Ражнатовиќ избра отворен фустан, а во преден план беше нејзиното „огнено“ деколте кое ги привлече погледите на многумина.
Инаку Анастасија пред извесно време со своето момче Ѓорѓе Кулиќ се пресели во нов стан во Белград.
Тие двајца заедно го купиле луксузниот стан кој го опремиле по нивна желба, по најсовремени стандарди.
Анастасија вработила жена која ја чисти куќата, пегла алишта, оди на шопинг и подготвува ручек.
– На Анастасија и останува само да ужива и да се грижи за себе. Иако на социјалните мрежи се фали како станала домаќинка, тоа е смешна приказна. Кога нема деловни обврски, ужива во гледање филмови, излегување со пријателите. Ѓорѓе ја разгалил, не бара да готви, ниту да пегла, само за да ја види среќна кога ќе се врати дома, а на жените кои тоа го прават во нивниот стан им плаќа – раскажува за Свет извор близок на Ражнатовиќ.
Инаку, Анастасија е пример за многу девојки кои едвај ги чекаат нејзините нови видео спотови и фотографии. Она што особено ги радува нејзините следбеници е тоа што Анастасија се почесто се фотографира во новиот стан.
– Не знам кога ќе заѕвонат тие свадбени ѕвона, прво треба да ме запроси, а за тоа ќе го прашате него. Ајде да одиме полека. Сега го направивме тој поголем чекор, се вселивме во нов стан. Уживаме и убаво е, никаде не брзаме. Млади сме и нека се тргне по својот тек. Немам сега потреба да го официјализирам тоа на хартија– рече таа во една прилика.
Инаку нивното ново љубовно гнездо се простира на цели 200 метри квадратни, а станот го платиле 750.000 евра, со оглед на тоа дека се работи за нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан…
Ѓорѓе не сака јавно да се експонира, а младата Анастасија ја почитува неговата одлука, па малку се знае кој е зетот на Цеца, за неговото семејство, каде пораснал, во какви услови живе.
-Кулиќ се од Нови Сад, тие се среќно семејство кое со години има приватен бизнис“ вели извор блзок до семејството на Кулиќ.
-Се што поседуваат го стекнаа благодарение на голем труд и семеен бизнис кој се пренесуваше од колено на колено. По цела Војводина имаа млинови. Некои ги продадоа, некои ги задржаа, тврди соговорникот и вели дека не се збогатил преку ноќ.
-Интересно е што заврши средно елитно училиште во Швајцарија која беше организирана на интернет каде што учеа и деца на принцеви и разни аристократи. Една училишна година чинеше околу 60 000 евра. Тоа јавноста не го знае, туку само знае дека студираше во Њујорк каде што има свој приватен бизнис, вели изворот и додаде дека зетот на Цеца започнал и приватен бизнис.