Кафе муабет

Драгана Мирковиќ откри со која колешка воопшто не се поднесува – тоа е јавна тајна!

Со години се зборува дека Цеца и Драгана не се во добри односи...

Иако е во одличен однос со повеќето нејзини колешки, неодамна Драгана Мирковиќ реши да проговори за односот со своите колешки од естрадата и си ја отвори душата во емисијата „Амиџи шоу“.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Кажете го името на колешката за која сте сигурни дека не ве поднесува? – беше прашањето на кое одговори Драгана, но не сакаше да ја именува својата колешка.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Па, сите знаат која е… Ќе имам пекол после тоа во следните 15 години, не сакам повеќе да си го дозволувам тоа – изјави пејачката.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Да потсетиме, медиумите со години пишуваат за конфликтот меѓу Драгана Мирковиќ и Цеца Ражнатовиќ, а приказните за нивните лоши односи ги подгреа видеото од средбата на двете пејачки, кога Драгана и рекла на Цеца: „Добровечер, се знаеме или не?“, на што Цеца одговорила: „Не знам, вие одлучете“.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Цеца подоцна ја коментираше оваа средба, и посака на колешката да сними хит и да си го пронајде мирот.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Инаку Драгана Мирковиќ важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот. Таа сега реши да прозбори јавно за својот брак со бизнисменот Тони Бијелиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Во брак сме 21 година, но секако имаме некои мали несогласувања. Тој е слчен на мене, но понекогаш му доаѓа преку глава од мојата флегматичност, бидејќи јас секогаш велам: „Остави, немој…“, а тој не може да поверува дека секогаш сум таква, па ми вели: „Уште колку ќе трпиш“. Понекогаш молчам, се кријам и плачам, наместо да кажам нешто. Порано многу плачев, сега многу помалку, но секогаш ме погодува лага во медиумите. Му реков на Тони: „Ако се сменам и повеќе не ме допира, нема да бидам јас“. Драгана не може да постои без емоции, секогаш мислев дека не е добро се да чувам за себе, но морам да признаам дека сум многу посилна од претходно – признава Мирковиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Сакав да се откажам, се разбира, тоа не е ништо ново. Првата пауза што ја имав кога се омажив, беше кога дојде Марко, па Мануела, поради нив направив пауза, барем по цена да ме заборават, но беше посилно од мене. Но, моите обожаватели не ме заборавија, ме повикаа да снимам нови песни, а сфатив и дека ми недостига музиката – признава Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Паузирав и во деведесетите, тоа беше исто така многу тежок период во мојот живот. Мислев дека нема да можам да го издржам сето тоа, нема ни да се сеќавам на сето тоа, но поминав како најпопуларна во тоа време, што ми е чудно денес – заклучува Драгана Мирковиќ во емисијата „Премиера – Викенд специјал. “.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Тоа е најубавиот и најголемиот показател за каква личност се работи. Тука нема измама, иако и да сакав да сокријам нешто или да изневерам, нема да можам. Јавноста знае многу за мене, но и во моето село се знае се за мене. Дали е тоа најубавото место на светот, не знам, но за мене е. Касидол секогаш ми е на прво место, а на второ сега е Виена, местото каде што живеам со семејството – рече Драгана.
Пејачката се прсет на своето детство во родното село и напомена дека нејзините деца често пати одат во нејзиниот роден крај.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Беше друго време, имаше играчки наместо компјутери и телефони. Возевме велосипеди, родителите ни дозволуваа да играме надвор цел ден. Таа врска со природата од самото раѓање беше нешто совршено, многу ми е тажно што поновите генерации ја немаат, сигурна сум дека би била поубава од денес – искрена е Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Моите баба и дедо живеат во Касидол, дефинитивно моите деца ги посетуваат, исто како и јас. Не сме биле последнава година ипол, поради цела оваа ситуација со короната па оправдано е, но вака кога и да имаме можност одиме и се дружиме. Обожаваат да го посетуваат мојот роден град – вели таа.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close