Кафе муабет
ПОДАРОК ВРЕДЕН ЦЕЛО БОГАТСТВО: Eве што доби Катарина Грујиќ од Марко- вакво нешто би посакала секоја жена!
Прекрасна нараквица...
Пејачката Катарина Грујиќ се породи и на свет ја донесе ќерката Катја.
Гордиот татко, фудбалерот Марко Гобељиќ сега ја изненади сопругата со скапоцен подарок, а таа веднаш се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, се работи за нараквица на луксузен бренд која чини околу 7.000 евра.
Најдобар сопруг“, напиша Катарина во описот на фотографијата.
Инаку, Марко Гобељиќ проговори во јавноста по породувањето на неговата сопруга.
– За Катарина и мене ова е секако најважниот ден. Бебето и таа се добро, тоа ми е најважно. Јас сум најгордиот татко на светот. Утрото имаше болки, ја однесов во болница и ѝ рекоа да остане. Веднаш знаев дека тој ден ќе се породи. Отидовме во кафуле со сестрата на Катарина, а потоа отидов на тренинг, тренерот ме ослободи да не ја играм утакмицата.
-На почетокот ја криевме бременоста, сакавме да ја задржиме приватноста, само семејството знаеше за радосната вест. Катасакаше да работи и јас ја поддржав во тоа. Свршувачката беше пред бременоста – истакна тогаш Гобељиќ за „Блиц“.
За потсетување, фудбалерот во понеделникот ја пречека сопругата Катарина Грујиќ пред породилиштето. Ќерката Катја е најубавото нешто што им се случило, признале новопечените родители пред камерата на „Ексклузив“.
Пејачката тврди дека девојчето личи на нејзиниот татко, но се надева дека таа ќе земе некои нејзини црти. Катарина од породилиштето замина уморна со темни кругови околу очите кои ги покри со големи очила, па набрзина посакала да замине во својот дом каде ја чека семејството.
-Не сум спиена, подочниците се тука, што да кажам, незнам како се чувствувам, дали уморно, ненаспано но дефинитивно сум најсреќна на светот мислам дека ова чувство не може да се опише, секоја мајка го знае тоа.
-Јас сум најсреќна на светот, ова чувство не може да се опише со зборови. Сеуште не можеме да кажеме на кога личи, се надевам дека ќе личи на мене и ќе има сини очи.
Ката вели дека не се плаши од ништо што ја очекува бидејќи има помош…
-Никој не е роден спремен така што ќе видиме, се тоа се учи секако. Не се плашам од ништо едвај чекам да одам дома со неа, дошла и свекрвата да помогне, дојде и мајка ми да ми помогне така што сега сите не чекаат дома.
Вели дека има желба на својот избраник, фудбалерот Марко Гобељ да му роди четири деца..
– Марко веднаш почна да плаче кога ја виде Катја. Тоа се искрени емоции кои не се опишуваат со зборови. Вчера се фатив како ја гледам три часа, а таа е мирна, спие, па ме гледа… Боже, не ми се верува дека ова е мое дете и солзите веднаш ми течат, наеднаш – изјави пејачката и додаде дека била под дејство на анестезија но дека и таа заплакала.
Марко не можеше да ја сокрие среќата па славеше до зори.
– Двете се добро, а јас сум најгордиот татко на светот. Сè уште не сум ги видел поради короната. Ќе се видиме во понеделник кога ќе излезат од болница. Дома сè е подготвено за доаѓањето на бебето – изјави гордиот тато, кој за време на славењето носеше маица со натпис „Добре дојде Катја“.
Инаку на својот Инстаграм профил пејачката го сподели првото стори на кое постави фотографија од бебето и нејзиниот избраник Марко Гобељ. Имено фудбалерот ја држи малата Катја во прегратки а Ката ги фотографираше.
Во описот на фотографијата напиша: Животи Мои!
Како што може да се забележи од фотографијата Марко е пресреќен во улогата на татко а како што и самиот рече конечно успеа да ја запознае наследничката со оглед на тоа што не можеше да дојде на посета во болницата поради короната.