Кафе муабет
Карлеуша откри голема тајна за бракот и за најтешкиот период од животот!
Пејачката раскажа како се чувствувала во периодот на интернет насилство...
Врската помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е предмет на јавен интерес откако Јелена беше на удар на медиумите во 2019 година, а сега пејачката откри што се случувало зад затворени врати во тие најтешки моменти за неа.
Темата за насилство на социјалните мрежи стана водечка тема откако младата Јутјуберка си го одзеде животот, поради насилство на интернет. Личноста која го доживеа најголемото насилство на своја кожа во 2019 година, сега им даде јавна поддршка на младите, да не се откажуваат од себе и да веруваат во своите способности, Јелена Карлеуша со трогателна порака им посочи на сте оние ко се соочуваат со ваков тип на насилство, кои се во депресија да не се откажат од својот живот.
Поп двата Јелена Карлеуша за прв пат откри дека за време на страшниот медиумски линч низ кој поминала пред две години мислела на најлошото, а откри и како таа успеала да излезе од депресија.
Меѓутоа, она што дополнително ги заинтригирало нејзините придружници е фактот што открила како изгледал односот меѓу неа и нејзиниот сопруг Душко во тие најтешки денови за нејзиното семејство.
– Тогаш го преживеав пеколот на масовното јавно силување… и пеколот во куќата, поради тоа, што ми беше особено тешко. Во еден момент помислив на најлошото и му кажав на Душко (неговиот одговор нема да го напишам овде, но никогаш нема да го заборавам). И тогаш на самиот крај на мојот ужас, се случи нешто неверојатно. Ми се разбуди незадоволството и го вклучив системот за преживување – напиша Јелена на „Инстаграм“ и за прв пат на јавноста и откри каков бил животот во домот на семејството Карлеуша – Тошиќ во време кога медиумите брмчеа за пропаѓање на нивниот брак, кој две години подоцна е постојана шпекулација, но сепак преживеа и покрај се.
Избрав да ја послушам мојата мајка,да бидам силна и никој да не биде поважен од мене и вреден за моите солзи. Сега јас ви го велам тоа на вас, напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил.
-Главата горе, животот е убав, стани и бори се- посочи Карлеуша…
Неодамна пејачката ги изненади фановите со својата изјава дека цели 15 години се бори за нејзиниот брак да опстане.
Иако често пати може да се прочитаат лоши коментари поврзани за неа, но колку и да не ја сакате таа не може да помине незабележано.
Себеси се опишува како воспитана, културна, духовита и лојална и нежна мајка. Таа е силна личност, способна да ги надмине сите неволји и да излезе на сцената како врвен професионалец.
Во интервју за Ексклузива.ба Јелена истакна дека многу се борела за својот брак со Душко, па иако многумина често пати коментираат како тој е оној кој е “жртва” во бракот, сепак Јелена го тврд спротивното.
– Петнаесет години се борам за зачувување на бракот. Мислам дека секогаш жените се повеќе за оваа институција, и бракот и семејството. Ние сме такви животни, вели Јелена.
За ќерките Ника и Атина вели дека се многу скромни деца кои ги почитуваат останатите.
– Сите што ги познаваат моите деца имаат само пофални зборови за нивната скромност и воспитување. Како што Дивна ме научи да бидам ист човек и кон работникот на „Градска чистота“ и кон претседателот, да не бидам материјалист, да имам емпатија кон луѓето и животните, да не ги ставам моите лични потреби во преден план, така ги воспитувам и децата.
– Тие се збир на нашите силни и слаби страни. Мешавина на генетика и магија на растење во посебни услови на деца на јавни личности. Но, ќе бидам пристрасна, па ќе кажам дека ова се деца на мама со мали моменти на тато.
Од друга страна заради бројните шпекулации што кружат во медиумите, многумина се прашуваат дали тие живеат заедно кога фудбалерот престојува во Белград.
И додека познатата пејачка е постојано активна на социјалните мрежи, нејзиниот сопруг е сушта спротивност.
Тој одреме-навреме ќе објави некоја фотографија, а добро познато е и тоа дека не се пријатели на Инстаграм.
Но пред извесно време Тошиќ ги изненади сите и со само една фотографија стави точка на бројните претпоставки.
Имено, тој на својот Инстаграм сподели фотографија на која се гледа зимската магија во дворот од нивната куќа.
Во истиот двор Карлеуша неколку часа претходно ги направи своите безобразни фотки за кои се уште се зборува.
Очигледно дека кога е во Белград, Тошиќ престојува во вилата во која што живее неговата сопруга со нивните ќерки.