Кафе муабет

Стоја по стапките на светските ѕвезди: Прво фризура како Крис Џенер, а сега го осигура зaдникoт како Џеј Ло!

Стоја направи целосна промена...

Фолк пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја ја шокираше јавноста кога се појави со својата нова фризура. Пејачката целосно го промени имиџот и вели дека многу и годи тоа што ја споредуваат со Кардашијанс.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

Таа се појави на снимањето на новогодишната програма и ги откри деталите за нејзината неодамнешна голема промена.

фото курир.рс

Пејачката ја скрати косата, а како што и самата призна, била на липосукција.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

– Добивам комплименти, значи дека е добро. Јас сум многу задоволна. Мило ми е што ме споредуваат со Кардашијан. Јас сум многу помлада од Крис Џенер и подобра риба – истакна Стоја, па за Курир изјави дека решила да се промени:

фото курир.рс
Фото Инстаграм/ Стоја институција

– Правам се сама, сакав поинаква фризура. Знам што сакам, уште не сум се покајала.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

Стоја откри дека не се дружи со колегите од јавната сцена.

– За жал, не се дружам со колегите, но со задоволство давам совет доколку некому му треба – истакнува Новаковиќ.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Пејачката на големо изненадување на сите призна и дека го осигурала задникот.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

-Го осигурав задникот како Џеј Ло. Не е баш милион како неа, бидејќи живееме во Србија, но согласно нашите финансиски можности – додаде фолкерката која била на липосукција во Турција.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

За потсетување пејачката Стоја има тешко минато. Таа успеа да го однесе синот на вистинскиот пат и денес тој работи во психијатриска болница и има две деца…

Фото Инстаграм/ Стоја институција

На самиот почеток на својата кариера фолк пејачката Стојанка Новаковиќ која во јавноста е позната како Стоја, излезе веста дека се омажила на само шеснаесетгодишна возраст, како и дека набрзо потоа останала вдовица. Меѓутоа, според медиумите, вистинската причина зошто со години била оставена сама со мало дете долги години ја криеше.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Таа еднаш рече дека нејзиниот прв сопруг почи-нал во сообраќајна несреќа по само три години брак, сепак, но сепак новинарите го посетија нејзиното родно место Перлез пред неколку години, каде дојдоа до шокантното откритие – дека првиот сопруг на Стоја се само-убил!

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Жителите на ова село кај Зрењанин им рекоа на новинарите дека тој скокнал во реката каде се уда-вил, бидејќи, наводно, неговите родители не ја прифатиле пејачката како снаа. Како што велат, им пречело што таа е пејачка во паб.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

– Стоја е прекрасна жена. Многу страдаше поради нејзиниот прв сопруг. Многу се сакаа. Од таа љубов се роди нивниот син. Набргу по венчавката, започнаа проблемите бидејќи родителите на нејзиниот сопруг воопшто не го одобрија бракот – изјави тогаш еден од поранешните соседи на Стоја, додавајќи дека сопругот на пејачката не сакал да живее без неа, поради што тој го одзел својот живот.
-Свекорот и свекрвата не можеа да се помират со фактот дека нивниот син дозволил неговата сопруга да биде пејачка во паб. Постојано го прекоруваа и инсистираа да ја напушти – додаде овој жител на Перлез и заклучи:

Фото Инстаграм/ Стоја институција

-Сите наскоро тргнаа во потрага по него и по неколку часа го најдоа мр-тов во реката. Ден по погребот, во Перлез започна да кружи приказна дека се самоубил затоа што неговите родители го имале најлошото мислење за Стоја. Тоа беше премногу голем удар за неа бидејќи остана сама со мало дете. Таа преживеа вистински пекол.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Локален свештеник исто така потврди дека првиот сопруг на Стоја се удавил.

Foto ( GLOSSY )

– Тоа беше пред многу години. Луѓето велат дека тој се самоуб-ил поради неа. Ова се тешки судбини. Јас не би зборувал за таа тема – заклучува свештеникот.

„Се омажив многу млада, на 16-годишна возраст, со човек кој неизмерно го сакав, како што тој ме сакаше мене. Јас го родив мојот син Милан на седумнаесет години и наскоро започнав да настапувам со бенд, а мојот сопруг ми даваше најголема поддршка. Таа идила траеше до мојата 19 година, кога се случи таа несреќа, тогаш сè тргна наопаку “, рече таа еднаш за Ало.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

За Стоја може да се каже дека е тврдоглава, силна и одлучна жена а тоа и самата го потврдува. Таа постепено откако останала на улица, почнала да добива понуди со својот бенд, и полека да застане на свои нозе, за денес да биде една од најголемите ѕвезди.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

„Некогаш немав што да јадам, го делев компирот со комшивката. Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме, и таквата моја самодоверба ме туркаше напред“, изјави Стоја во една пригода.

Таа успеа да го однесе синот на вистинскиот пат и денес тој работи во психијатриска болница и има две деца.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close