Кафе муабет
Погледнете каков фраер е момчето на Наташа Родиќ – на прославата кај Цеца сите гледаа во него!
Наташа Родиќ го покажа својот избраник...
Цеца Ражнатовиќ со семејството ја прослави куќната слава Свети Никола, и сите се собраа во вилата на Дедиње.
Сестрата на сопругата на Вељко, Богдана, Наташа Родиќ дојде рака под рака со своето момче, иако долго време се шпекулираше дека е во врска со синот на Злата Петровиќ.
Таа веќе го демантираше тоа, а сега за прв пат се појави во јавноста со избраникот, и тоа на прославата кај Цеца.
Веднаш по неа дојдоа Бојана Родиќ и нејзиниот партнер Мирко Шијан, а сите коментираа колку добро изгледаат сестрите Родиќ.
Инаку, Вељко цел ден го помина во својот дом на Дедиње и помогна на мајка си во подготовките за прославата.
Први на прославата дојдоа момчето на Цеца, Богдан Срејовиќ и сопругата на Вељко, Богдана, а веднаш потоа и останатите најблиски гости. Во вилата на Цеца пристигна и Саша Матиќ, кој беше и на прославата на Вики Миљковиќ.
За потсетување, во медиумите извесен период на големо се пишуваше дека третата сестра Родиќ е во врска со синот на пејачката Злата Петровиќ а јавноста коментираше дека на сестрите им се посреќило со тоа што Бојана и Богдана имаат сопрузи поврзани со јавниот живот.
Но сепак Наташа сега демантираше дека тоа е нејзината цел и се појави со новото момче, за кое пак многумина велат дека изглед амногу подобро и од Мирко Шијан сопругот на Бојана Родиќ и од Вељко Ражнатовиќ, сопругот на Богдана.
Но она што е сигурно е дека трите сестри каде и да се појават го привлекуваат вниманието со својот изглед.