Дом и семејство
Беа најубавите близначки во светот – нема да верувате како изгледаат денес (ФОТО)
Ава и Леа станаа најпопуларните деца во светот...
Сигурно се сеќавате на најубавите близначки во светот Ава Мари и Леа Рус кои за кратко време го освоија светот откако се појави нивната прва слика на Инстаграм.
Станаа познати благодарение на тоа што набргу по нивното раѓање во 2010 година беа прогласени за „најубавите близначки на светот“.
Медиумите пишуваа за тоа како изгледаат нивните симетрични лица исто како од најгламурозно списание, како нивната коса е неверојатно руса и свиленкаста, нивната кожа мазна, а нивната природна убавина е неопислива.
Нивната кариера ја води нивната мајка Џеки Клементс. Девојчињата денес имаат 11 години и се успешни модели, но сепак многумина ги осудуваат родителите.
Мајката на Ава и Леа откри дека од самото раѓање на близначките постојано наидувала на истите коментари од познаници и луѓе кои ги запознала:
„Луѓето навистина ми велеа: „Леле, тие се толку убави, навистина треба да размислите да ги вклучите во манекенството“.
Таа се обидела да ја води кариерата на близначките уште кога имале само шест месеци, но бидејќи имала постар син, и било премногу тешко да се снајде во улогата на мајка и менаџер на нејзините близначки.
„Мојот прв обид траеше кратко и решив дека не е вистинското време“, рекла Џеки и додала дека го чекала 7-миот роденден на девојчињата за да можат сами да одлучат дали сакаат да се занимаваат со манекенство.
Им реков на моите ќерки дека ако се спремни, освен со танц и пливање, можат да се занимаваат и со манекенство“.
Џеки вели дека девојчињата тогаш почнале да скокаат од радост и едвај чекале да почнат. Џеки исто така истакна дека Ава и Леа сакаат да настапуваат и да бидат во центарот на вниманието.
Потоа им отворила профил на Инстаграм, а денес на 11 години девојките имаат повеќе од 1,8 милиони следбеници! Но, комплименти не добиваат само тие туку и изгледот на нивната мајка привлекува внимание, а обожавателите редовно и порачуваат дека треба и таа да се занимава со манекенство и дека е јасно од кога девојчињата ја наследиле убавината.
Од друга страна, често е критикувана дека е лош родител кој заработува на грбот на децата а дека Ава и Леа изгледаат тажно додека позираат.
Иако ја нападнаа поради тоа што нејзините ќерки на повеќето фотографии се професионално нашминкани.
Таа накратко им одговори на сите кои ја напаѓаат дека индустријата тоа го бара од нив.
Во продолжение погледнете како изгледаат денес….