Новости

Предупредување за родителите во Македонија – се шири опасен предизвик, внимавајте што прават вашите деца на интернет!

Предизвик кој кружи на Тик-Ток е опасен по живот...

Тик-Ток стана една од најнебезбедните социјални мрежи на кои секојдневно се шират предизвици кои можат да бидат штетни по живот.

фото илустрација

Млада девојка од Македонија, корисничка на оваа платформа за малку ќе уmрела на 10 декември.

фото илустрација

Сакајќи да постигне поголема популарност на оваа социјална мрежа, таа поради „предизвик“ се нашла пред тркалата на камионот, натпревар кој децата го снимаат, а потоа го поставуваат на социјалните мрежи. Оваа страшна сцена ја раскажа нејзината другарка Славица Д. и апелираше до родителите да внимаваат.

фото илустрација

Родителите треба да бидат информирани за тоа што се случува на социјалните мрежи за да можат да комуницираат со своите деца.

фото илустрација

– Апелирам до родителите да ги контролираат содржините што ги гледаат нивните деца и предизвиците кои ги поставуваат нивните врсници. На кружниот тек, група основци вчера се натпреваруваа кој ќе ја помине улицата додека поминува колона возила, така да не ги згази камион. Страшна е сцената, каде човек кој возел со нормална брзина можел да убие невино девојче. Застана во ужас додека таа се смееше – напишала Славица Д.

фото илустрација

Ужасната од она што го видела, таа додала дека „невин човек би можел да биде обвинет за нејзино убиство.

фото илустрација

-Како би докажл дека е невин, кој би го заштитил, како би им објаснил на тие родители дека детето се фрлило пред камионот додека неговите врсници ја поддржувале во предизвикот – вели очевидец.

Застрашувачки се и коментарите кои следеа и потврдуваат дека овој предизвик е всушност масовен. Една жена изјавила дека додека возела пред неа застанале деца на само 10,11 години кои правеле склекови а тоа било кон средината на август.

фото илустрација

– Бев сведок на нешто слично. Пред два-три месеци возев кога две момчиња одеа на сред улица, а како што се приближив едно од момчињата легна на сред улица и почна да прави склекови. Тие деца се петто или шесто одделение. Страшно е да се види колку далеку се подготвени да одат децата – напишала таа.
Во друг коментар се наведува дека две девојчиња, прво едната, а потоа другата, лежеле на пешачки премин и чекаа да поминат возила.

– Додуша, избраа улица со слаб сообраќај и чекаа немаше многу возила, но без разлика на тоа делуваше лудо – предупредува овој коментар.

Социологот Јелена Радовиќ предупредува дека младите постојано ги поместуваат границите кога се во прашање опасните предизвици на социјалните мрежи и дека постојаното поместување на границите покажува дека веќе немаме граница.

фото илустрација

– Границата помеѓу она што е игра и она што е предизвик е изгубена. Играта има сосема поинаква конотација. Играта би била да се натпреваруваме кој повеќе ќе се смее, кој ќе каже подуховита шега, кој ќе направи повкусно смути… Сепак, тинејџерите сакаат поголема популарност и на различни начини ги поместуваат границите на негативната страна. Се се сведува на тоа: која е следната поопасна работа што ќе ја направиме – истакнува Радовиќ.

-За родителите да бидат во тек не би било лошо да ангажираме инфлуенсери кои ќе кажат дека овие работи се погрешни, како што тоа го правеа Германците, за да испратат добри и квалитетни пораки. Сепак, инфлуенсерите се пример за младите, а ако имате армија квалитетни модели и идоли, ќе има се помалку лоша содржина – заклучува Радовиќ.

Страшната трагедија која се случи во јануари годинава покажа колку можат да бидат опасни предизвиците на оваа социјална мрежа. Момче од Белград е повредено додека учествувало во грозоморниот предизвик „Blackout“ на Тик-Стрим.

фото илустрација

Корона вирус предизвик е можеби еден од оние кои одат во крајност. Имено учесниците лижат јавни површини за да докажат дека не можат да бидат заразени со корона вирусот. Во Америка, луѓето кои објавуваа вакви видеа беа уапсени поради загрозување на јавното здравје, а некои учесници беа заразени со вирусот по предизвикот.

Предизвик „Пени“

Овој предизвик вклучува ставање паричка (денар) помеѓу полначот и штекерот кога го ставате полначот на телефонот во штекерот. Целта на предизвикот е да предизвика искри. Предизвикот беше презентиран додека децата учеа од дома, но имаше случаи и во училишта каде поради тоа често се случуваа пожари.

фото илустрација

Избелувач предизвик

– Измешајте белило, желатин, крема за бричење и средство за дезинфекција на раце и истурете ја смесата во пластична кеса – вели еден од корисниците на оваа апликација, ветувајќи дека бојата на очите ќе ви се промени ако го ставите ова на окото. Откако се обиделе со овој предизвик, многу деца пријавиле крварење од очите, изгореници и оштетен вид.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close